Си го сменив аватарот и наидувам сега на мој одговор на тема и си викам "прв пат го сретнувам членов со овој аватар" кликнувам на аватарот и си го гледам моето корисничко име и дур ми текне дека јас си го сменив.
Велика Британија најавува воведување на задолжително дигитално ИД... почело је почело... #теоријаназаговор #заколективнодобро
Како се препукнуваат во некои теми со денови и денови да оди разврската дотаму со спам нотификации (и сега некој ќе рече форум е, сакам нотификации од тоа што следам и никако спам), човек да помисли дека им останале недоразрешени муабети со минати личности во реалниот живот..па тука недолжни накалемуваат од нигде-негде. Член/ка со спротивно мислење од вашето не ве вреѓа вас, него вие сами се вреѓате докажувајќи некаква поента (која патем и така се губи оти реплицирањето е врз основа на разговори од други луѓе кои си ги имате „зачувано“ во главата). Менталното здравје пред сѐ останато. Додуша ене кај е светскиот ден на менталното здравје (10 октомври).
Синхроницитети. Некогаш пречесто ми се случуваат и дури "страв" ме фаќа. А уште поголем "страв" кога само ќе помислам на нешто, без никаде да го спомнам на глас ниту да го пребарувам на интернет, апсолутно никаде, и одеднаш ќе почнат да ме "напаѓаат" реклами со таков производ.