Си го сменив аватарот и наидувам сега на мој одговор на тема и си викам "прв пат го сретнувам членов со овој аватар" кликнувам на аватарот и си го гледам моето корисничко име и дур ми текне дека јас си го сменив.
Велика Британија најавува воведување на задолжително дигитално ИД... почело је почело... #теоријаназаговор #заколективнодобро
Како се препукнуваат во некои теми со денови и денови да оди разврската дотаму со спам нотификации (и сега некој ќе рече форум е, сакам нотификации од тоа што следам и никако спам), човек да помисли дека им останале недоразрешени муабети со минати личности во реалниот живот..па тука недолжни накалемуваат од нигде-негде. Член/ка со спротивно мислење од вашето не ве вреѓа вас, него вие сами се вреѓате докажувајќи некаква поента (која патем и така се губи оти реплицирањето е врз основа на разговори од други луѓе кои си ги имате „зачувано“ во главата). Менталното здравје пред сѐ останато. Додуша ене кај е светскиот ден на менталното здравје (10 октомври).
Синхроницитети. Некогаш пречесто ми се случуваат и дури "страв" ме фаќа. А уште поголем "страв" кога само ќе помислам на нешто, без никаде да го спомнам на глас ниту да го пребарувам на интернет, апсолутно никаде, и одеднаш ќе почнат да ме "напаѓаат" реклами со таков производ.
Да не имаш фрижидер или машина за перење на садови во близина? Може од него да биде водата. Често се случува да вратат вода. Инаку почни да си заклучуваш, најсигурно ти е.
На мајка ми сценарио е тоа, она ако имаше профил тука, ќе висеше у темата за волшебници и магии. Не и не.Само кревет за спиење, решо за варење кафе и лаптоп имам. Фрижидер исклучен. ChatGPT го прашував исто, сите можни опции ми ги даде. Месечарење ми е најлогично, или премореност некаква, исклучување, па станувам и не знам што правам.
WHAT DO YOU MEAN ИСФРЛАМ???? Не дека нешто седнувам да читам од после од моите белешки, ама има нешто носталгично во то се да ми е в кутија и на таван, па ко ќе сакам да листам - да ми се достапни.
Еееее моите белешки беа испишани пред 17-13 години. Башка бев добрата самовила и нонстоп ги давав на други за копирање, кој знае колку изгубив така. At this point, исто ко да неам одено на факсот мој уопште, избледени ми се сите сеќавања и материјал. ¯\_(ツ)_/¯
Girlie, многу сум емотивна и носталгична особа, прееетешко се одделувам од предмети. Ама бидејќи тенка е линијата меѓу сентименталност и hoarding, намерно се терам да фрлам повеќе работи, немам место. Не ме бедирај сега ќе плачам.
Тек да видиш поп, отец поточно како на цел глас ја пее Loosing my religion на концерт на REM Остај друго туку кај најде The Killers маичка
Е за тоа пари би дал да го гледам. Маичката е од Springfield. Им правам сачекуша во аутлетот.Чим најдам бројче, одма порачувам. Не знам колку пари за карго имам платено. Последна порачка ми е од пред недела дена. @daylight пиша за попустот овде и се подновив со 3-4 нови маици по 250-300 ден. Џабе. Сега гледам ја имаат Kiss, за жени, Rolling Stones. Кај отворив. Пак ми се порачува.
Ааа Спасен ти доаѓа во зла доба.. оти толку го "сакаш" па од возбуда мора да земе шеќер и вода да се поврати.