Не бе маче, празниот стомак не натерал да рмбаме, капитализмот го додава тоа ,,ко коњи,, а феминизмот вика ете можеш доктор да бидеш, или учителка, или свирач на харфа во виенска филхармонија (од неодамна), и притоа можеш да имаш дете. Слугинки отсекогаш имало, само што не можеле деца да имаат, јер кој ќе те плаќа да доииш дури ја рибаш со крпа палатата на газдата, доволно ти е што имаш кров на глава и сув леб во собчето во таа палата. Толку историја да не се знаело, филм да се немало видено, феминизмот им бил крив.
Работите, гледате деца ама некогаш не сте свесни која привилегија ја имате во 21виов век. Дур вие си куцкате лабаво на лаптопот, си пијуцкате кафе од кафематчето од петиљадарки купен од свекрвата за свадба, по светов знаете што се дешава? Девојчиња од 12 години ги мажат со стари волови и на истиве волови им раѓаат деца. Еј ама барем станале мајки и само детето им е обврска. Жени не можат да појдат на лекар оти маж не смее да ги прегледува, а на жените им е забрането да се образуваат, тек доктори да бидат. Ама ќути, не заглавуваат во скопски метеж во Центар дур идат до работа. Жени трпат ќотеци, силување оти нема пари сама да ги гледа децата ако се разведе, АКО воопшто може да се разведе. Ама ќути, а замисли да работеше а? Не бе, не користете ништо од феминизам. Ете мажете си ги ќерките уште пред прва менструација, викајте им ќерко трпи да не пукне брука, не ги ни пуштајте на школо, дома само учете ги да готват и плетат, штоќеиме да знаат да пишуваат? Може и клиторисот на 3 години да им се пресече, шоќеиме? И ако ова ви се згади да го прочитате да го трпи ваша ќерка, ондак кажете им фала на тие што ви овозможиле да сте повеќе од крави за расплод, и вие и вашите ќерки. Не сте свесни, мајке ми.
И уште сдк... ради ова им е крив феминизмот Spoiler: Спојлер. Значи стварно, на глава им се качија на мУжите, ова вака веќе не оди.
Па уствари незаменливата улога на мајка во совршени услови трае само додека го дои детето, па и тогаш има исклучоци ако се молзе па може здравиот , прав незаменлив татко шише да му даде. Од моментот кога детето ќе почне само да оди, да си јаде, да си мочка и кака у нокшир, да се облекува, па понатака да се осамостојува дали пример од средно да иде Скопје под кирија да се образува, или странство да учи или да живее, па и дома да остане сосема не е битно кој му помага од физичка гледна точка. Од психолошка, сосема е нормално и потребно и мајката и ТАТКОТО да се покрај него и да го образуваат у здрав, прав човек. Иди прај муабет со мајки, особено родилки или па со постпородилна депресија, нека ти кажат кој шок е да немаш идентитет неколку години, а па нарочито ако погрешно си се удала. Не со незаменлив , него и со непостоечки татко. Затоа иаме денес свекрви вампирки што децата, особено синовите на цицка до гроб ги држат, оти немаат друга сврха у животот. Потребата за способен сопруг и немањето на истиот на синовите ја префрлаат. Само за раѓање, готвење и чистење служат, и од коа децата ќе ,, пораснат,, мора на работа плус да се вратат на стари години без искуство црнечки работи за пет пари да работат оти мужот така наредил, па не ги зел он да не му служат за ништо. Идете бе земете книга прочитајте, абе филм гледајте, со жени зборете, баби, мајки, стринки, не се брукајте. Ретки се тие жени што сакаат дома да седат, и нека седат. Нивно право. Али ниедна од нив не е сиромава, и се тоа се случува у скоро па совршени услови. И на форумов ги има, грото се одлично ситуирани од мажот, па им се може. Оние тред вајф што ви ги перат мозоците се све богаташки, плус РАБОТАТ како инфлуенсери. Ги има и оние што немаат динар у џеб, па после плачат као мажот ги вара и тепа, па мора да го трпат, или па као и деца им земал и на улица ги фрлил. Да ми кажуваше некој дека у 21 век ќе оправам феминизам на факинг женски форум... Каде жени ги злоупотребуваат сите права добиени од истиот, само за да плукаат против него за 200 грама кобасица. Мех.
Па тоа де. Но го ставив во контекст со мажи, пошо горе тоа го спомнуваа. Во таа сликата де. Секогаш феминизмот им е крив ако работат од јутра до сутра, гледат деца, домашни обврски а мажите дома си свиркаат. Па остајте го тој маж. Кој ве тера да се рамните со маж, никогаш неможеме рамни да бидеме, пошо жените сме супериорни. Сама жена може и да работи и куќа да гледа и деца да гледа, сам маж трча право кај мајка му за помош. Но некако не се спомнува феминизмот кога жената сама (сингл, разведена, шо ти знам) си ги извршува обврските, туку секогаш акцентот го ставаат кога има и маж вклучено во тоа. Па остај го бе сестро, шо ќе ти е.
Апсолутно!!! Потпипишувам!! Некои се сами прават и во брак додека се де, самохрана во брак, нема полошо од тоа, уште па кога чека да се смени, на 30+ години, важииии!!! Нив ги нема децата да си ги видат додека се во брак, па демек после развод еве да се покажат, па превземаат старателство, па се "борат" за децата, а не знаат кое одделение им се у школо, 3 дена остај сам маж со две деца, одма ќе те побара да си ги земеш, пошо тие не се негови нели, твои се само. И нормално дека разумна жена, нема да трпи ваква амеба од маж, поточно не е маж ова, туку уште едно "дете" за догледување дома, што му треба некоја да раскрева по него.
Еве ја баш би прашала колку од жениве некогаш замолиле машки член од фамилија да им го почува детето? Не свекрвата, золвата, сестрата. Него свекор, девер, зет...Ниедна. Ама феминизмот крив..оЌе.
Се слагам потполно, е сега, прашање од милион долари е како завршуваат со вакви џаболебари жените у повеќето случаи.
Еве јас, татко ми! И двете деца ги чува, некогаш и три со се на брат ми детето, ама имаш право дека е реткост да, како да ни е нормално сето ова, па обавезно бараме женски член. Така, некои вешто се кријат, некои жени мислат дека ќе ги променат, ако родат дете, некои се будали... Ама ок, подобро да сфатиш и да се разведеш, отколку ич да не сфатиш и да мижиш и чекаш да се "промени."
Па тоа викам. Сами ги бираме неспособни, после друг крив. Ако сака може. А не ќе чуеш абе он маж со деца не знае. А шокур се женат и прават деца? Израснал деца, ама не знае да чува дете. Ај мрш
Јас. Татко ми и девер ми ги имаат чувано децата. И свекор ми додека беше жив ја чуваше големата после школо. За чување на децата секогаш на тато прво му се јавам, после на мама
Нормално, сами си ги поштедуваме бе, не дека не можат, се можат!!! И да го нарани, и пелена да му смени, и без сон да е, се можат!
Точно. Знаат и да ги нахранат, пресоблечат, прошетат. Тоа што некои викаат дека не знаат се само изговори.
Не е до феминизмот, до патријахатот е. Уште владее во Мк и не сум сигурна дека ќе се искорени во скоро време. Иди само читај коментари од заостанативе и се ќе ти биде јасно. "Немало жени денеска за женење, не знаеле да месат, не сакале деца, кучиња шетале, се облекувале како ороспии, ако станала шефица - му го има дудлано на некој за таа функција.... итн итн". Неможат да се помират дека на жените им дојде аклот. Додека на мажите им се сервира дека на секој еден од нив го следува жена и слугинка во едно, нели, за да има кој да го гледа неговото 40 годишно височество кога мајка му ќе си замине од светов, нема да мрднеме од мртва точка.
Ако ти смета патријархално воспитување и однесување, притоа ги воочуваш последиците од истото преку реални примери и сепак на крај некако ти е крив феминизмот кој буквално постои за ослободување од тие зацртани обрасци на однесување...малку седни запрашај се што зборуваш.
Анегдотална вистинита вест од Австралија -дедо по грешка земал погрешно дете од градинка https://www.bbc.com/news/articles/c4g5v4z13l6o Не знам дали е вистинита де, не бев таму да потврдам. Ама медиумите ни пренесоа. Не знам зошто. Јас сум оставала дете на брат ми, немам сестра да му биде тетка јбг. И сигурно не би ми донесол погрешно дете од градинка. Али добро, во Австралија свашта има одамна.
Колку кретени живеат у Скопје не знам, али вчера кога читав коментари како возачите се нервирале пошто многу чекале и имало гужва поради протестот за Вардариште се замислив. Уште примитивно пцујат, криви биле лицата што протестирале, многу се потреселе овие. Ко да не дишат ист гаден воздух, и нивните деца исто. Прости и мизерни, толку да се нема свест и осет за реалност не ми е јасно.
Де бе аман бе аман значи, да не може чоек да се надоврзе. Све погрешно се сфаќало Полека со скокањето коа не знаете многу нешта. Бев пик ми, а сеа тред жена сум шо појма нема од нишо Али не вреди чоек да се замара. Оправајте се до утре. Ја си знам како треба