Протестот не загрозуваше никого, напротив беше организиран со цел жителите на Скопје и општините кои со години се трујат со разни отрови и не можат да дишат, да покажат дека е доста од играње со човечки животи и никој да не мрдне со прст. Ако некој поради тоа некаде заглавил у гужва е најмала работа. Здравјето е најбитно, и нема отстапки од тоа.
Претходно викав последните 3 километри ги трчаш веќе без душа. Ама на трка, кога нозете не се веќе тука, само со душа се трчаат. Преубав ден, преубава трка, персонален рекорд на 21км. Толку ми треба денес ... океј и три кила храна
Дали во ова библиска Македонија никогаш со наметнатото Северна има некој закон шо регулира за електричните мопеди да ги возат малолетници и ако не зошто совеста на родителите им дозволува да му купуваат такви?
Гасовите од возилата што стоеја у место 2 часа низ пола СК не беше најголемото загадување у целава година? Да не беше протестот односно да беше организиран после пикот некаде кај 18-19 часот немаше да го има ни едното ни другото.
Ако не се лажам после 14 години законски е дозволено да управуваат велодипи со мотор, додека мопеди со навршени 16 со полагање на АМ категорија. Не знам дали родителите се воопшто свесни за опасноста, децата очигледно не се. Вчера еден осмици ми правеше пред кола, денес двајца малолетници со електрични тротинети на регионален беа.
Периодов малку ми е хаотичен, многу промени ми се случија, се осеќам како да немам време ни една минута да одморам, ама се само за убаво е..
Дедоно пред мене денес на тркава што скоро не можев да го стасам, ми е поголема инспирација во животов да вежбам од сите напумпани инфлуенсерски газови заедно
Фала курцу што се отвори жестока дискусија за феминизам пошто сериозно се загрижив за форумов кога главна дебата беше за цедени сокови.
Еј, и мене ми здосади да читам бесцелно расправање за нешто кое се решава со едно гуглање. Од дебата за феминизам бар секоја ќе има некаква корист.
Многу ми е смешно кога некој се објаснува, докажува со некој друг и како доказ за неговите мислења прави скриншот од што му рекол chatGPT. Па не мо жам