Многу ми е смешно ко ќе стигни некој апарат за негде во некоја болница или амбуланта и тој апаратот од кузнај каде и овие сите ќе се соберат и ќе се сликат од персонал до политичари и горди на то скроз насмеани сите ќефој…резил
Знаеш како оди тоа? Ќе се направи некој милионски договор со компании/држави, секако, на штета на државата, граѓаните, и народните пари. Ќе лапнат дел политичарите, а фирмите ќе донираат нешто за да задржат имиџ за народот + да добијат бесплатен ПР. Пример, склучиле со ХХХ фирма од ХХХ земја 3 пати поскапо тендерче за набавка на медицинска опрема, и оп, донација од 2 апарати за болница во Валандово. И после секако ќе бидат окезени сите. Кој не би бил?
Биваше бе да сум толку точак, кога си го правев профилов да си го напишам вистинското име, и има ли други такви точаци ко мене?
Па напрај си нов профил, крсти го Точак. И создравје да си го користиш Сдк многу мразам оти не измислиле начин за пишување акцентски целости. Знам, се пишува со здравје, ама јас си го изговарам ,,создравје,, во главата. Кој ќе го измисли начинов- ќе го гласам на избори
Неее, овој ми е од малечок, ако го сменам ќе ме боли душата, не го давам за ништо, само ова имево да не штрчи
Како не ми текна порано дека можам името во л.к да си го сменам полесно од ова? Абе точак си е точак фала ти на идејата
Татко ми е тип на човек што онака рандом од нигде никаде ќе те праша некое прашање како на пример: Кој ја напишал Оливер Твист? Или кој е највисок врв во Јужна Америка? Колку е брзината на светлината и како гласи вториот закон на термодинамиката? И така ќе најде некое прашање што не го знаеш, и ќе ти рече зачудено: Ова не го знаеш? Ова? Па срамота е. И ќе ти се изнасмее. Секогаш кога си со него си на некој тест по општо знаење. Не стручно, туку општо, што треба да го знаеш, ама си го заборавил низ времето. А он се што прави по цел ден е решава крстозборки, квизови и знаењето од општа култура му е стварно на високо ниво, во форма е. Нема шанси да го победиш. Некни ми праќа линк од некој квиз со 100+ прашања. Добил 99.1% подобри резултати од сите што го решиле во светот. Ја на работа бев, и го изигнорирав скроз. На сеен го оставив. Нејќев да се замарам. Не ми беше денот. И сеа ми пишува, го реши ли квизот или прпа? Му викам ај по пиво дека ќе извадам подобри резултати од тебе? И вика ај. Се заинатив, пола саат го решавав, нема крај на прашањата. На крај 99.6% подобар од сите. Му праќам скриншот, и ми пишува: Еее не се важи ова со тоа АИ-то го имаш решавано. И ај сеа докажи му... A жими мајка не ни гуглав.
@Billy Idol ова многу ме потсеќа на дедо ми (минус делот со тестот бидејќи не знае да употребува интернет). Ама така ќе дојди од нигде никаде и ќе те праша некое такво прашање, или ќе ти кажи рандом факт за нешто, или ќе почни да раскажува.. а некогаш некоја шега ќе тресни и ќе се изнасмее. Многу сака да си прави муабет за разни работи, а среќа уште го држи умот (и се надевам ќе остани така) на 80+. Можеби има удел и тоа што е пензиониран наставник. Ова твоево ме изнасмеа со тестот, па 90%+ подобар од сите што одговориле.
Многу мразам кога инстаграм профили продаваат некои чевли, ташни, облека или што и да е друго, и немаат напишано доле цена, туку треба во дм да им пишеш. И сега мене ако ме интересираат десет модели, јас треба да ги замарам за десет модели, и срам ми е мене, и автоматски си губите потенцијален муштерија. Ете тоа сакав да кажам.
Исто татко ми решава крстозборки и коа ќе има квиз некој абе се ги знае одговориве, али никогаш вака не не прашувал туку ја сум го прашувала пошто ме интересирало до кај не знае ќе видам некоја ептен ретка информација пр. петта одалечена галаксија од нас и он знае, или име на аеродром у Лион,знае, ја у чуду онака не рендом информации од општа култура
И на фб е исто. Треба под секоја слика да пишува цена. А не за се што ти се допаѓа да им пишуваш порака. Од такви профили не порачувам.
Татко ми со речиси своите 70 години на фб со своите пријатели коментираат за ѕвездите, планетите, космосот и Никола Тесла... Мојата генерација тоне во конзумеризам, материјализам и Теа Таировиќ.
Јас не сум твоја генерација , ама не сум ни на татко ти. Нешто измеѓу Тесла и космосот не ми се кап од ти,ама па јас 'тонам' во Задруга т.е Елита и чат пат ја слушам Прија П.с Разбирам што сакаш да кажеш Да не мислеш дека нешто се "пронајдов". Ама па реалноста е таа . Јас си тонам во Ријалити Ич не сме се слушнале *
Како можете да гледате Задруга? Јас не можам ни пет минути да слушам како се караат и расправаат. Одма ме полни со негативна енергија. Порано имаше поинтересни реални шоуа, Операција Тријумф ми беше врв. Штета што имаше само една сезона. Денес се е катастрофа.
Мајка ми и татко ми еве ги разговараат за квантна декохеренција и нејзината улога во транзицијата од квантна во класична физика. Се шалам срцки, се излежаваат и ја коментираат (не)стручноста за оценување на Дара Бубамара у Гранд Ѕвезди.
Јас пошо не гледам ни Задруга, ни Ѕвезде Гранда, се осеќам ко од др планета.. Хахаха. Diamond painting и музиче лабаво, ноу турбо фолк, фала. Ни сам ја одавде хахаха