Сега треба тоа детето со мачки од приказната да дојде, и да среди ситуација и за цар-премиер-кмет да биде прогласено. Само која беше таа приказна никако да ми текне
Веќе трета недела како немаат поминато за ѓубрето надвор, го гледам мачорот сега во уста глушец , глушец немам видено од пред не знам колку години , одвратни ми се ,гадни, среќа што имаме мачки по населба па ќе ги фаќаат глувците кои одат по ѓубре
А ако е некој поблизок, наместо смоки ќе ти подари блок чоколада. Боички покрај тетратката и моливот беа врв. Кога дојдовме во некои доцни тинејџерски денови, средно, почнавме да подаруваме дезодоранс, обетчиња, гел за туширање и сл., секако околу 100 денари, или 100 денари в плик. Тие едноставни собирања, едноставно поставени маси, а многу деца, џагор и смеење многу ми недостигаат.
За никот? Ја нз зашо и други ме мислат за маж, се обраќале со "баце", "друже" и слично.. Мада не мислам дека членот на тоа мислеше, "брат" им е узречица на младиве, а и на не така младите, брат и на сестра се вика, е ова ми е малце глупичко, али не е страшно.
Младиве претераа со англиски фрази и. англицизми. Сега е кул, да зборуваш така. Гледам дечињава од средно и нагоре те само англиски зборуваат. Ме плаши помислата само како го губиме јазикот. Не поддржувам никакви англиски фрази и англицизми, мислев на постојано користење. Too much ми е. Прашувам една колешка за нешто, и ми го преведува зборов на англиски... Ужас. Значи, he is not my type. И ред други муабети на кои сум алергична.
Навистина почнуваат цели реченици на англиски да ги кажуваат Пред едно време у дајамонд две девојчиња пред мене слушам зборат на англиски и нормално мислев странци дека се и од еднаш слушам по некој збор на македонски со апла македонски акцент букв 98% од комуникацијата се одвиваше на англиски што беше пресмешно, у кој филм се нз
Смешно дури и акцентот сакаат да им биде амерички. Па коа ќе земаат да мљацкаат да го тегнат јазикот. Демек јас знам англиски, вие небитни. Трагично е....
Се согласувам со тебе, ама и ти ги употребуваш еве. Има во скриено катче, после 200 мислења ќе имаш пристап.
Не постои универзална смисла на животот, секој си ја осмислува за својот, праи што те праи среќен, нишо друго не е битно.
Невозможно е да си постојано среќна личност и пораката прави што те прави среќен е луксузирање на одредена групација луѓе врз основа на која њуејџ мотивациските гуруа презентирајќи ја продаваат булшитс. Грото во трката за егзистенција не ќе да е да сме постојано среќни, иако за отарасување на досадни и заморни супер звучи да им го одлепиш ова и хакуна матата.
Си напишала "не поддржувам никакви англиски фрази и англицизми, за постојано користење". Е сега од твојава порака погоре напишана неможе да се процени дали ти постојано или непостојано, односно поретко ги користиш. Како и да е, еве нека е поретко користење, факт е дека така почнува/почнал тој тренд кај сите. Потоа тие англицизми полека се интернализираат. За некоја година ќе станат на некој начин "домашни", ако такви воопшто и ги има. Јас те сфаќам што сакаш да кажеш и се согласувам со истото, но еве како што нам ни се провлекува по некој англицизам, на помладите им станува секојдневие, нормално или не постојано се во допир со англиски. Јазикот е жива материја и се менува. Поодамна имав мислење дека македонскиот јазик има своја уникатност, сега не. Особено откако почнав да работам и слушам луѓе кои говорат различни јазици и да забележувам мноштво исти зборови, од групата скандинавски, англиски, романски, грчки, за турски па и за словенските јазици да не прајме муабет. Слушајќи и среќавајќи скоро исти зборови ми се наметнува мислење дека и тие зборови некогаш биле како англицизмите но се вклопиле во јазикот и сега ни се чинат "наши". Јазиците се многу послични еден на друг одошто нам тоа ни се чини, а допрва ќе бидат под влијание на англискиот, секој јазик во светот ќе пострада од англицизми.
Мене другарка ми се има испонашано што сум зборела српски со Срби , а она се утепа англиски зборејќи па дури и со македонци ,ненормална работа и на форумов се избацуваат со анг фрази , колку исфорсиран јазик , безврска скроз .