Сега треба тоа детето со мачки од приказната да дојде, и да среди ситуација и за цар-премиер-кмет да биде прогласено. Само која беше таа приказна никако да ми текне
Веќе трета недела како немаат поминато за ѓубрето надвор, го гледам мачорот сега во уста глушец , глушец немам видено од пред не знам колку години , одвратни ми се ,гадни, среќа што имаме мачки по населба па ќе ги фаќаат глувците кои одат по ѓубре
А ако е некој поблизок, наместо смоки ќе ти подари блок чоколада. Боички покрај тетратката и моливот беа врв. Кога дојдовме во некои доцни тинејџерски денови, средно, почнавме да подаруваме дезодоранс, обетчиња, гел за туширање и сл., секако околу 100 денари, или 100 денари в плик. Тие едноставни собирања, едноставно поставени маси, а многу деца, џагор и смеење многу ми недостигаат.
За никот? Ја нз зашо и други ме мислат за маж, се обраќале со "баце", "друже" и слично.. Мада не мислам дека членот на тоа мислеше, "брат" им е узречица на младиве, а и на не така младите, брат и на сестра се вика, е ова ми е малце глупичко, али не е страшно.
Младиве претераа со англиски фрази и. англицизми. Сега е кул, да зборуваш така. Гледам дечињава од средно и нагоре те само англиски зборуваат. Ме плаши помислата само како го губиме јазикот. Не поддржувам никакви англиски фрази и англицизми, мислев на постојано користење. Too much ми е. Прашувам една колешка за нешто, и ми го преведува зборов на англиски... Ужас. Значи, he is not my type. И ред други муабети на кои сум алергична.
Навистина почнуваат цели реченици на англиски да ги кажуваат Пред едно време у дајамонд две девојчиња пред мене слушам зборат на англиски и нормално мислев странци дека се и од еднаш слушам по некој збор на македонски со апла македонски акцент букв 98% од комуникацијата се одвиваше на англиски што беше пресмешно, у кој филм се нз
Смешно дури и акцентот сакаат да им биде амерички. Па коа ќе земаат да мљацкаат да го тегнат јазикот. Демек јас знам англиски, вие небитни. Трагично е....
Се согласувам со тебе, ама и ти ги употребуваш еве. Има во скриено катче, после 200 мислења ќе имаш пристап.