Амиши и уште 172634 секти, групи, заедници, планинари шетаат по планини и берат овошја Ќе почнам да мислам дека тролаш.
Нели е тажно да си рамнодушен? Не би рекла дека зен е рамнодушен. Среќата не е еуфорија. Тоа не е среќа, туку заблуда (болест). Вистинска среќа не предизвикува штета.
Кои ти се поомилени чисто овошни или зеленчукови или мешаш? Јас ич не ги можам зеленчуковите, а од овошни од вишња ми се врв и ананас исто си сакам.
Ананас, портокал ,морков и киви ми се најубави , мешам ама имам доста рецепти и за посебно. За шеќераши не се препорачува ананас пошто крева шеќер , ама ако не си дијабетичар,нема гајле дури подобро е , го регулираат шеќерот. Свежиот сок го чисти телото од токсини ,кои се еден од факторите за хормонален дисбаланс.
Сабајле пијам на гладно додека одам накај работа околу 50мин пешки и после 30мин јадам , треба најмалце 30дена за резултати ,секое утро така хормоните ми се регулираат , имав проб со тсх ,па ќе видиме.
Колку и да ни е лоша државава и се во неа, никогаш не би се преселила во странство. Поентата не ми е дека си ја сакам државата па не можам да живеам во друга, туку не би можела да ги оставам моите тука сами. Потекнувам од работничко семејство, ни сиромашни ни богати. Постојано се трудат да ни овозможат се што ни е потребно. И сега јас да одам во странство за да имам поубав живот (секогаш ова е субјективно) и да ги оставам тука сами, да се гледаме само на неколку недели во годината. Да не се присутни тука за мене и јас за нив за убави и лоши работи. Не знам ама тешко ми е кога ќе видам стари лица во болница сами, се маткаат по шалтери со листови, едвај стојат. А па уште потешко во болничките кревети, како се борат со телефоните за да им се јават на своите, или како јадат едвај од таа проклета болничка храна. Кога ќе каже некој не се раѓаат деца само за чаша вода на старост да ви носат. Да ама јас баш таа чаша вода сакам да им ја носам. Да им помогнам и да им ја разубавам староста и пензионерските денови исто како што тие го посветиле животот на мене.
Вчера купив неколку паковања грчки јогурт од брендот Мевгал од Стокомак. Сите до еден се расипани, паковањата не се оштетени, а се со рок до 20.11. Кој знае како ги чуваат и транспортираат овие производи, катастрофа, божем од маалски бакал купуваш.
Овие немаа мувла, ама сите до еден скиснати. Си помислив фрижидерот да не не ми лади, ама се друго е во ред, дури и грчки јогурт од кам купен пред тоа.
Купив две мали сокчиња од јаболко (со рокот во ред) на Таково, од Стокомак во Центар. Го отворив едниот и се згадив. Скиселен. Пред некој месец истото ми се деси со јогурт купен од таму. Не ги бива за одржување.
Сакам да кажам, кажете му не на бодењето. Или ако се бодете, барем не пишувајте на форумов додека не ви пројде фиксот. Фмп.