Ќе станам христијанка само за да се прекрстувам ко ќе налага ситуацијата, а мајке ми редовна појава стана. Чупето зборува за 1. секој си наоѓа своја лична смисла, поента, нешто за кое (најмногу) живее живот, не ни е на сите иста, некој ја наоѓа у децата, некој у професијата, некој у шо сакаш надополни, битно е тоа да се сфати, а не да се живее по нечии туѓи замисли за што е смислата на живеењето, зошто ако живееш некако како што друг сака ти да живееш, а ти не сакаш така, тогаш огромни се шансите дека ќе бидеш исклучително несреќен, и 2. која и да ти е личната твоја смисла за живеење, битно е да си среќен, as in генерално, не секоја ебана (уууууупс) секунда од секој ден, пошо кога го правиш тоа што сакаш, огромни се шансите дека генерално ќе бидеш среќен. Па најдете си ја смислата - макар и да е само да уживаш во моментот без некоја грандиозна цел - и уживајте додека можете. Како тоа се толкува дека чупето вели дека треба да бидеш само среќен и ништо подруго од само среќен?
Јас мислам дека ти со во група амиши. Само се шета по планини се бери овошје се пија сокови и не се троши ич пари!
Амиши и уште 172634 секти, групи, заедници, планинари шетаат по планини и берат овошја Ќе почнам да мислам дека тролаш.
Нели е тажно да си рамнодушен? Не би рекла дека зен е рамнодушен. Среќата не е еуфорија. Тоа не е среќа, туку заблуда (болест). Вистинска среќа не предизвикува штета.
Кои ти се поомилени чисто овошни или зеленчукови или мешаш? Јас ич не ги можам зеленчуковите, а од овошни од вишња ми се врв и ананас исто си сакам.
Ананас, портокал ,морков и киви ми се најубави , мешам ама имам доста рецепти и за посебно. За шеќераши не се препорачува ананас пошто крева шеќер , ама ако не си дијабетичар,нема гајле дури подобро е , го регулираат шеќерот. Свежиот сок го чисти телото од токсини ,кои се еден од факторите за хормонален дисбаланс.
Сабајле пијам на гладно додека одам накај работа околу 50мин пешки и после 30мин јадам , треба најмалце 30дена за резултати ,секое утро така хормоните ми се регулираат , имав проб со тсх ,па ќе видиме.
Колку и да ни е лоша државава и се во неа, никогаш не би се преселила во странство. Поентата не ми е дека си ја сакам државата па не можам да живеам во друга, туку не би можела да ги оставам моите тука сами. Потекнувам од работничко семејство, ни сиромашни ни богати. Постојано се трудат да ни овозможат се што ни е потребно. И сега јас да одам во странство за да имам поубав живот (секогаш ова е субјективно) и да ги оставам тука сами, да се гледаме само на неколку недели во годината. Да не се присутни тука за мене и јас за нив за убави и лоши работи. Не знам ама тешко ми е кога ќе видам стари лица во болница сами, се маткаат по шалтери со листови, едвај стојат. А па уште потешко во болничките кревети, како се борат со телефоните за да им се јават на своите, или како јадат едвај од таа проклета болничка храна. Кога ќе каже некој не се раѓаат деца само за чаша вода на старост да ви носат. Да ама јас баш таа чаша вода сакам да им ја носам. Да им помогнам и да им ја разубавам староста и пензионерските денови исто како што тие го посветиле животот на мене.