Пензионерите моментално се најбезобразни, не само што ќе те истуркаат туку и ако им преговориш нешто ќе ти префрлаат и ти ќе си замолчиш ќе си викаш ај помала сум, по културна да сум, а они немаат ни грам култура. Исто така кога ќе се наредат во болница они секој понеделник крв да проверуваат, а ти се брзаш за на работа, сакаш што побрзо да завршиш и те гледаат и не ти отстапуваат ред.
Се согласувам дека се повеќето се безобразни, напорни и себични. Како сабајле бабата што буквално влета директно во мене за да се качи во автобусот, и не само што влета туку продолжи да се бутка во мене па тогаш и се свртев и изреагирав да се повлече. Ама има и такви што се душички. Како на пр. пред неколку недели се возев во автобус, премногу гужва имаше и во бусот и низ сообраќајот, едвај стоев како сардини бевме стиснати. И зборејќи со колешката дека ми е мачно и дека ми збоктиса да стојам во место веќе 45 мин (а претходно зборевме за тоа дека сум трудна), тетката ни го слушала муабетот, ми се врти и ми вика дојди душо седни си. Викам ама тетка ти си постара од мене ти ли ќе ми стануваш за јас да седнам, она се насмевна и ми вика ајде душо седни си. Се заблагодарив и седнав. А колку па без осет, без основно домашно воспитување и без култура има и од нас помладиве тоа е страшно нешто. Исто во автобус (причиве ми се се од автобус ама нема врска ), гужва невидена, кај Градска се качува една бабичка кутрата едвај стоеше. На првото седиште кај шоферот напред седната една девојка 30-35 годишна на пошироко седиште и си ги ставила торбите и чадорот до неа. Бабичкава и вика молим те направи ми место да седнам, не ме држат нозеве, оваа мртва ладна не реагира. Бабичката се заќуте, ама ние од околу и се пуштивме на девојката да стане за бабата да седне или па да и направи место. Оваа глупердава враќа со цитирам: не сум и јас крива што се качила во автобус, и јас сум си платила карта и нема зошто да станувам. Ако толку сакала да се вози и да седи, требало да си фати такси а не да се бута по автобуси. Цел автобус почна да и урла, ама џабе пошто она нема емпатија нити па знае што е тоа... На крај на бабичката и стана друга жена, а оваа цел пат превртуваше очи и викаше дека џабе и збориме пошто нема намера да стане.
Море која зараза стана песнава за Максим. И на улица и во маркет луѓево ко навиени викаат Маааксим Димитриевскиии...
Како бе не е? исто и Теовел еменеге буте першенге хахахахаха аааааа не можам ама заразна е Максим дефинитивно.
Баш читав еден коментар вика: Џабе Антонија Гиговска се утепа работејќи на незиниот нов албум кога песната Максим Димитриевски е по популарна од цел нејзин албум. Инаку сакам да кажам на што спадна светов да фаворизира вакви песни како Максим Димитриевски, Васко Жабата...
Мене ми е мртва трка меѓу ваа и Маувиии Ваувиии.... Уште да се обесам на некој знак на улица ми фали...
Азијки... Чекаат редови пред луксузни бутици, искачаат со по 10 торби Шанели, Пиана, Диори и фрлаат илјадници евра само за да изгледаат ко партал... Плус чорапа на сандала со суќна до земја и тренерка по долги, шешир и маска и ракавици за да не потемнат на сонцето, аргатки да не ги мислат дека се. Али еј, битно скупо е тоа што носат. Мех.
Богами не е ужас најсериозно Чим те тера на рипит да ја ставаш.. Па и ремикси праеле бре Зашо на типов му го избришале каналот бе? Море љубоморни едни
Еднаш се качувавме со маж ми во автобус и беше гужва ама луѓето за чудо се качуваа полека, смирено само една жена постара упорно се буткаше и со лактите го бодеше маж ми одзади и се пикаше пред него да влезе. И маж ми ко што го дал Господ подзастана и се тргна еден чекор на страна да ја пропушти и на цел глас иронично рече "ама ве молам почекајте госпоѓата да влезе пред нас". Јас почнав да се смеам. А таа се штрекна, не очекуваше некој да ја прозве, мислеше дека не приметува никој дека турка. Само го погледна во лице бледо, како да не сфати дека е ироничен и дека и кажува со цел да се засрами. Се мушна пред него без збор и влезе. Зборот ми е некои луѓе немаат срам ама некои луѓе и не им ќутат.