Не знам дали е за овде . Однесов капут на чистење во Хембој. Капутот ми беше од манго купен околу 5.000денари , носен една сезона и баш ретко ,ајде си викам да го однесам , се покајав 5000000 пати , скоро нов капут ми беше вратен со залепена мастика на капулачата , носете каде и да било да Ви чистат облека немојте во ХЕМБОЈ никогаш повеќе!!!!!! безобразни
Аман од овие , сите се жалат и уште отвараат дуќани насекаде низ Ск , јас исто носев јакна , како што ја однесов така ми ја вратија ми перена ни ништо а платив ,имаат позитивни коментари на нет ама изгледа од нивни луѓе или фејк профили , тоа е како човек може да се излаже по коментари
Па нз ама како Т-мобиле станаа на сите страни а се незадоволни мене така ми ја вратија јакната како што им ја оставив ,луда работа
Пензионер во КАМ треба посебен синдром да е. Чекаме на касите за плаќање, се направија поголеми редици. Отвораат уште една каса и ајде да се преместиме, две пензионерки од назад буквално физички нѐ истуркаа за да појдат пред нас бидејќи имале помалку работи. Па прашај госпоѓо ко нормален и културен човек, ќе те пуштам, не ми значат 2 минути плус да почекам. И после ние од овие треба да учиме, овие имаат право на глас да одлучуваат за наша иднина?
Пензионерите моментално се најбезобразни, не само што ќе те истуркаат туку и ако им преговориш нешто ќе ти префрлаат и ти ќе си замолчиш ќе си викаш ај помала сум, по културна да сум, а они немаат ни грам култура. Исто така кога ќе се наредат во болница они секој понеделник крв да проверуваат, а ти се брзаш за на работа, сакаш што побрзо да завршиш и те гледаат и не ти отстапуваат ред.
Се согласувам дека се повеќето се безобразни, напорни и себични. Како сабајле бабата што буквално влета директно во мене за да се качи во автобусот, и не само што влета туку продолжи да се бутка во мене па тогаш и се свртев и изреагирав да се повлече. Ама има и такви што се душички. Како на пр. пред неколку недели се возев во автобус, премногу гужва имаше и во бусот и низ сообраќајот, едвај стоев како сардини бевме стиснати. И зборејќи со колешката дека ми е мачно и дека ми збоктиса да стојам во место веќе 45 мин (а претходно зборевме за тоа дека сум трудна), тетката ни го слушала муабетот, ми се врти и ми вика дојди душо седни си. Викам ама тетка ти си постара од мене ти ли ќе ми стануваш за јас да седнам, она се насмевна и ми вика ајде душо седни си. Се заблагодарив и седнав. А колку па без осет, без основно домашно воспитување и без култура има и од нас помладиве тоа е страшно нешто. Исто во автобус (причиве ми се се од автобус ама нема врска ), гужва невидена, кај Градска се качува една бабичка кутрата едвај стоеше. На првото седиште кај шоферот напред седната една девојка 30-35 годишна на пошироко седиште и си ги ставила торбите и чадорот до неа. Бабичкава и вика молим те направи ми место да седнам, не ме држат нозеве, оваа мртва ладна не реагира. Бабичката се заќуте, ама ние од околу и се пуштивме на девојката да стане за бабата да седне или па да и направи место. Оваа глупердава враќа со цитирам: не сум и јас крива што се качила во автобус, и јас сум си платила карта и нема зошто да станувам. Ако толку сакала да се вози и да седи, требало да си фати такси а не да се бута по автобуси. Цел автобус почна да и урла, ама џабе пошто она нема емпатија нити па знае што е тоа... На крај на бабичката и стана друга жена, а оваа цел пат превртуваше очи и викаше дека џабе и збориме пошто нема намера да стане.
Море која зараза стана песнава за Максим. И на улица и во маркет луѓево ко навиени викаат Маааксим Димитриевскиии...
Како бе не е? исто и Теовел еменеге буте першенге хахахахаха аааааа не можам ама заразна е Максим дефинитивно.
Баш читав еден коментар вика: Џабе Антонија Гиговска се утепа работејќи на незиниот нов албум кога песната Максим Димитриевски е по популарна од цел нејзин албум. Инаку сакам да кажам на што спадна светов да фаворизира вакви песни како Максим Димитриевски, Васко Жабата...