Замисли живееш убав живот, градиш дом, жена, деца, внуци, пра внуци, а бившата љубов од детството цел живот ти дише во врат... Не сум човек што сака да оговара, ама секогаш се прашував зошто двајца комшии толку многу се мразат и постојано си прават некои бељи како деца.. Двајцата се стари имаат и правнуци, секогаш мислев дека како комшии не се поднесуваат ама всушност жената на едниот комшија била некогаш девојка на другиот комшија, по некои околности најверојатно завршиле со погрешни партнери.. Ама по некоја чудна случајност направиле куќи еден до друг... Се прашувам дали само животот ги наградил што им дозлил постојано да се гледаат или ги казнил никогаш да не се заборават.. Колку силно срце треба да имаш за вистинската љубов да ја гледаш секогаш преку рамото на друга и да живее во куќата до тебе блиску еден до друг а градите различни семејства.. Искрено после ова се прашувам дали многу од нас длабоко во себе ќе закопаат една љубов, а ќе продолжат живот со друга... Дали срцето само еднаш вистински сака, а прашање е дали ќе завршиш со таа љубов што најмногу срцето ти ја сакало и после тоа само ќе научиш да ја скриеш длабоко во себе? Замисли само колку луѓе преку рамото на среќното семејство ќе гледаат секогаш некаде далеку во минатото, во некоја далечна несудената љубов..
Сдк... не верувам во правнуци и љубов во романтична смисла во иста реченица. Па уште ако се мажи, само его е во прашање. Љубовта е енергија. Мислата е енергија. Фиксирање за една личност од еден период од времето ми звучи како некој парадокс во смисла на нарушени закони на физиката и останати природни науки. Не дека не можеме да бидеме со еден човек цел живот. Ама тој не е истиот човек пред 20, 30 години и сега, не сум ни јас. Или што рекле некои мудри- не можеш два пати да влезеш во иста река.