Замисли живееш убав живот, градиш дом, жена, деца, внуци, пра внуци, а бившата љубов од детството цел живот ти дише во врат... Не сум човек што сака да оговара, ама секогаш се прашував зошто двајца комшии толку многу се мразат и постојано си прават некои бељи како деца.. Двајцата се стари имаат и правнуци, секогаш мислев дека како комшии не се поднесуваат ама всушност жената на едниот комшија била некогаш девојка на другиот комшија, по некои околности најверојатно завршиле со погрешни партнери.. Ама по некоја чудна случајност направиле куќи еден до друг... Се прашувам дали само животот ги наградил што им дозлил постојано да се гледаат или ги казнил никогаш да не се заборават.. Колку силно срце треба да имаш за вистинската љубов да ја гледаш секогаш преку рамото на друга и да живее во куќата до тебе блиску еден до друг а градите различни семејства.. Искрено после ова се прашувам дали многу од нас длабоко во себе ќе закопаат една љубов, а ќе продолжат живот со друга... Дали срцето само еднаш вистински сака, а прашање е дали ќе завршиш со таа љубов што најмногу срцето ти ја сакало и после тоа само ќе научиш да ја скриеш длабоко во себе? Замисли само колку луѓе преку рамото на среќното семејство ќе гледаат секогаш некаде далеку во минатото, во некоја далечна несудената љубов..
Сдк... не верувам во правнуци и љубов во романтична смисла во иста реченица. Па уште ако се мажи, само его е во прашање. Љубовта е енергија. Мислата е енергија. Фиксирање за една личност од еден период од времето ми звучи како некој парадокс во смисла на нарушени закони на физиката и останати природни науки. Не дека не можеме да бидеме со еден човек цел живот. Ама тој не е истиот човек пред 20, 30 години и сега, не сум ни јас. Или што рекле некои мудри- не можеш два пати да влезеш во иста река.
А бе ко ќе возиш точак во спротивна насока на едносмерна улица, не треба да возиш од твоја лева страна??
мене ова ми звучи на булшит ако си сакал некој во 20тите и после мислиш се сакаш вака така тоа е само илузија. Не постои тоа, да си било ко што треба ќе биле заедно а и со сплет на околности да не се, не постои само една љубов за цел живот. Што мн ми беше убаво на 23г и сеа ќе ја сакам платонски делулу? Ноо
Јас мислам ние си го правиме сето ова во главата вака. Дефинитивно е возможно да се сака повеќе пати. Прашањето е колку сме спремни да прифатиме што се случило, да пуштиме и да продолжиме напред. Порано исто си мислев дека само еднаш сакаш вистински, а ако не успее само се навикнуваш на друго, но тоа е булшит. Ако вредело ќе ви успеело, ќе сте биле среќни заедно. Самите одбираме да се фокусираме премногу на таа една личност и да живееме во илузија дека ете, таа била таа и нема повеќе така да е. Па на тој начин самите си ја крадиме среќата и не даваме шанса да сме среќни со некој друг. Точно дека љубовта нема да е иста, бидејќи сите сме различни. Но дека за сите постои само таа една личност и нема да можиш да сакаш вистински пак, апсолутно не е точно.
Стареење е или созревање е кога одеднаш се што порано ти било старомодно, одбивно и ко за мајка ти, сега тебе ти се допаѓа и си опседнат? Историја генерално, историски серии и филмови, класична музика, есен/зима наместо лето, супи,... созревам. Не стареам, не, созревам.
Желудник ми се стега секогаш кога ќе прочитам дека бебе е физички нападнато... Како?! Како можете?! Посакувам сите бебиња, дечиња да се максимално заштитени од овој суров свет...
Кој труп сум за денсање, неам ни желба ич за тоа, иди натерај ме, дивјак невиден, али затоa уживам во EDM музиката да ја слушам. Дефинитивно од секогаш најомилена, што и да слушам пак и' се враќам. Има некоја магија таму терапевстки ко да делува.
Многу на замислување и квази романтика у патријахално кромањонско општество мавате, коа реалноста е сасвим поинаква, што гледаме и по форумов што пишуваат жениве како живеат...
ОМГ, воук бушава азбука, маж готви и се грижи за сопственото дете, каква е оваа содома и гомора на МРТВ.
Ццц ги трујат децата со модерни изопачени вредности. Се знае како е, тато носи мама меси, ова денеска сето пореметено е. Што маж е тој што застанал в кујна да готви.