Не планирам да идам постепено, храната генерално не ми била со месо но и кога јадев скоро секој пат ми се лошеше, тешка храна ми е така да нема да ми биде тешко да прекинам наеднаш. Има и доста причини кои стојат зад одлукава. Имав колешка на факултет која перформативно не пропушташе прилика да се пофали дека е вегетаријанец и еднаш низ муабет се издаде дека јадела чварки и ја цела у прашалници: Чварки? Чекај, ти не беше вегетаријанец? Не можела да одолее.
Мистер Љубе е цар, се газам од смеење со денешново видео за австралјанците, морее не се газам туку рикам од смеење
Нема поубаво од тоа да станеш у 12 ипол за викенд Полнам батерии, аман више од станување у 6 сред работна недела Телово си кажува оти му треба сон.. Сеа уште саат време излежавање и одмарање од спиењето Да се прашувам ја, потребно е баш такво одмарање и стабилизирање после сонот, а не нагло и брзо станување, и во трки со времето да си Ми се темни секој ден, освен вака за викенд.. @Anie93 баш така, не разбираат дека не' има и ноќни птици за кои е 'нормално' да не спијат ноќе.. Инаку ја имам способноста да спијам 4 часа, ама исто така и 14 часа
Секој протест во оваа држава е организиран од партија, ако не застане партија зад протестот никој нема да искочи, и после протестите за Фросина од кога искочи татко и јавно или сестра и беше и им се измоча на сите што искочија на протест си реков никад веќе нема да одам на протест во Македонија макар цела држава да ја запали некој.. Сега сдс се застанат зад протестите за настраданите во Кочани, само за да си вадат политички поени дека власта не прави ништо за нив, и така во круг..
Знаете само што ми остана во мисли после подкастот меѓу Лазаров и Гоце Тодоровски? Гоце е олд тајмер, припадник на стариот свет. (За тие што имате гледано Blade Runner, Nexus 6 или 8 модел). Така да не ми е шокантно за негови години да има онакви ставови, ама моментот е што луѓево мислат дека денешните односи ако се стандардизирани по калап - пр. неверство по дифолт hard no no, се многу по автентични, коректни, долготрајни. Не се, баш напротив. Меѓу нашето време и тоа на Гоце има огромна разлика. Нивна генерација не пуштаа лесно, беа тука да се справат со последиците, коригираат, извинат, теоретски и практично. Не Гоце, ами другите, или бар повеќето. А, сега плачи пичка, се со краток фитиљ, одма она ,,пушти го/ја БЕ да си оди'' ако случајно се удри во сржта на егото и тоа демек било одлика на карактер, бре бре. Нема попустливост, компромис, поправање за да се зацврсти односот после криза ... се е некако борба на лична суета. Иако за млади луѓе заедно, најбитно е да се слушаат и угодуваат еден на друг, а преку тоа растат и бидат среќни. Ама денес се е базирано на она ,,мене да ми е удобно, а партнерот нека трпи" и тажно е што е така. Фалат вредности ко взаемен реципроцитет на грижа, прошка, и затоа живееме баш у вакво време - невреме на несреќни љубови.