Не планирам да идам постепено, храната генерално не ми била со месо но и кога јадев скоро секој пат ми се лошеше, тешка храна ми е така да нема да ми биде тешко да прекинам наеднаш. Има и доста причини кои стојат зад одлукава. Имав колешка на факултет која перформативно не пропушташе прилика да се пофали дека е вегетаријанец и еднаш низ муабет се издаде дека јадела чварки и ја цела у прашалници: Чварки? Чекај, ти не беше вегетаријанец? Не можела да одолее.