Не реков сериозно, дека ќе го направам тоа,да им тегнам уши и сл. Имате искуство со ваков случај? Може ми се деца од маало, па ќе ми кршат прозори.
Не сум родител, но ќе си земам за право да прокоментирам една мала случка но доста значајна кога се работи за здравите навики кај децата, а пример за нас идните млади родители коа би биле. Додека стоев на рафтовите во маркет, од ненадеж слушнав мала семејна дискусија, блиску беа до мене татко и мајка. Мајка и сакаше да и земи благо на ќерка и, зошто ги јадела тие чоколатца. Но за момент дофрли таткото со "не треба да го колкаме детено со шеќери, не е здраво". И апсолутно е во право! Шеќерот не ни е непријател но е "тивок убиец" ако се претера кој остава долги последици, вклучително и дебелина, инсулин. резистенција и дијабет. Здравите навики кај децата не се учат од YouTube, ниту од училиште, туку од дома. Токму ваквите мали моменти ги градат навиките на децата. Не се раѓаат тие со желба за шеќери, смоки и чипс, телефони и навики што не им служат, туку си ги учат самите родители така на тие навики. И ако родителите не се на иста страна, детето ќе го фати "попустливиот" и ќе си тера со лоши навики.
Да, јас ги предупредив децата директно. И пред возрасни од нивните семејства повторив дека нема да ги толерирам. И не им текна пак да фрлат.