Извинете што ви рушам романтика ама на убавите црвени зајдисонца гледајте како на црвен аларм за загадувањето на воздухот.
СДК во последно време многу чудно се осеќам, премногу... Како се да ми е рамно, светот нека се распаѓа околу мене јас мирно ќе си седам, а паничев за ситници.. Ниту еден испит претходните години не ми помина без да паничам, без анксиозност, без цела вечер пред тоа да седам и да учам и пак да мислам дека ништо не знам. А сега толку мирно го доживувам еве ни пола за утре немам научено а се однесува како се да знам си седам на фемина и си уживам, до преска филмче си гледав и гајле ми е за испитот. И чудно ми е не сум јас ова. Некако за ништо не се замарам, буквално секој ден живеам како утре да е последно па немам потреба со ништо да се оптеретувам.
СДК дека декември отсекогаш бил еден од поубавите месеци. Но, мислам дека како дете повеќе му се радував иако дома ниту елка немавме. Си правев синџири од хартија, снегулки лепев на прозор ѝ пак бев среќна. Денес, не велам дека имам многу, далеку од тоа, ама пак имам повеќе од тогаш. Но, ни среќата ми е присутна, ни еуфоријата... Украсив елка ради реда, денес купив едни лампиони на свеки не и се допаднале, вели ќе купиме поубави. И мислам дека и тоа "жарче среќа" што ја имав, згасна. Сакам да правам работи оти мене ми се прават , не оти така требало, оти сите украсиле, гајле ми е за Петко и Трајко .. Сега пак за Нова година ќе слушам сугестии како морало ова да се спреми, морало она да се спреми, а реално ни една третина од храната нема да се изеди. Истото ќе е и за секој нареден празник што следи. Не мора ништо луѓе, кога ќе го сфатите тоа? Ми здосадија одамна овие реченици. Сите така правеле, ајде и ние. Инаку минус ќе ни пишат ако не ја сликнеме елката, секако и празничните трпези.... (Иако има премногу гладни дечиња кои молат за корка леб ..)
Секогаш ќе се најде некој што "знае" како треба.. И мене моите дома ме притискаат затоа што постам, како така за нг да постам, па глупо било за нг да се пости што ќе сум јадела... Истово и за Велигден беше сме илале тој период многу родендени. Или ќе отидам дома и знаат дека постам и не ми е проблем нека јадат тие што сакаат ама која е поентата секој пат од коментарот ,,Еи штета ти постиш" па се однесуваат како да ме жалат што постам ,,можеш ти ако сакаш да пробаш малку". Постам од што сакам, а не од што немам што да јадам.
Имам 43 години и живеам во Скопје. Најверојатно ќе живеам уште 30 години ако имам среќа 40 немам ни секунда време за жалење, нервирање и фрустрации за сообраќај, паркинг, станови, корупција, загадување, социјални мрежи итн. Веќе вака мислам 10 години и супер ми е се.
Дојдоа Македонци и Срби и им донесоа живот у мртва Љубљана https://e-maribor.si/advent-v-ljubljani-sredi-mesta-plesejo-srbsko-kolo-po-mestu-pa-igrajo-trubaci/
Да е жив и здрав Мечка од ИнфоМакс, денот не ми почнува да не го слушам. Толку си е директен, алал да му е. Капа му симнувам, нека продолжи така, само да има кој да го слушне.
Цела година први другари беа со тој психопатот и убиец на девојче - Палчо. На таква будала му даваа медиумски простор и го промовираа. Инаку, што кажале? За што се зборело?
Јас за тој случај мислам дека на друго место лежи вината, ама не би да коментирам сега. Греота за девојчето. Господ гледа!
Техеран ќе направите од Словенија со трубачите и турбофолкот, напуштете ја додека е време, она е последната поасална држава од регионов.
Јас па имам слушнато дека со слушање Инфомакс емисиите се намалува IQ за 1 бод дневно... пази што правиш
Од постов на членов читам дека сред Љубљана ечеле српски песни, се играле кола и се вееле српски знамиња. Што е ова поразлично од нашите учки сред Скопје, Тетово? Ништо. Исти дивјаци и тука, а и таму, само од различна националност. Е сеа, нашиве кога ќе видат српски знамиња не се доживуваат загрозено, пошто брачо нели, српскиот турбофолк и колца ја оживуваат мртвата Љубљана, ако беше шота ќе беше поинаку. Словенија за брзо ќе го изгуби статусот на најзелена држава у Европа поради нашиве Авганистанци. Дивите ги бркаат питомите насекаде.
Сабајле бев до банка, и испоседнале пред банка луѓе чекаат информации дали ќе има социјална помош денес, уште им немаат пари пуштено за месецов.. И една жена ми побара пари за леб, а јас како што сум тромава 20 денари во џеб не носам скоро никад, немав да и дадам, во тој момент толку ме удри реалноста, викам колку сме неблагодарни ние луѓето, трошиме пари за се и сешто, телефони, лаптопи, патувања, облека, а имаш од друга страна луѓе што ако не им пуштат социјална помош што да јадат ќе немаат..
Да се надоврзам на членката @нина122 , да знаеш колку луѓе живеат само со 4000/5000ден цел месец. Работев точно 6 месеци во банка и се изнагледав на многу работи. Колку само државата не се замара со тие социјални случаи. Греота, душа ме боли за такви луѓе. Важно гледам дека има најава дека ќе ги покачуваат платите на судиите. Најважни се судиите и покрај што се корумпирани, државата ги наградува за тоа.