Најздравата сексуална ориентација е никаквата. Зошто е добро да се биде Инцел? Инцелите се епидемиолошка елита. Нема секс, нема партнери, нема ризик. СПИ не се пренесуваат преку мисли и дркање. Освен ако паднат врз користен шприц или ако ги касне генетски модифициран комарец од иднината кој ќе пренесува ХИВ. Инцелството е најбезбедна сексуална пракса што постои и неправедно е маргинализирана.
Денес гледав видео за Инцели у Мичиген кои се милитантна група, и ко секој здрав прав муж се БУКВАЛНО џихадисти кои го воспеваат Путин и нели оригиналниот инцел Елиот Роџер ( типичен Чед, богат, убав, згоден али кој да им објасни, им мава спермата у глава ). И сакаат државата да им донира пари за пластични операции за да имаат шанси нешто да ебнат. Иначе, ќе ти го сватам постов за сериозен, и ќе кажам не се согласувам. Целибатот му е чарето. Лесно е да си поштен коа никој не те сака, оди не се прцај коа имаш со кој да те видам. П.С. Како и секогаш, мене никој не ме вика, ја сама си доаѓам и најбитно, сама си се испраќам. Поздрав.
Омг, невладина нека направат, ЗМИ - здружение на маргинализирани инцели. Лелеее и мене ми е омилена оваа мудрост.
Годинава научив дека не само ѕидовите туку и елките имале уши. Ова де прозори. Не ми се допадна плоштадот. Жал ми е, неможам да лажам да викам дека е убав.
Ми требаше да преспијам за да сфатам дека јас го напишав ова. Линк до Спотифај Бленд. Фактички во апликацијата генерирам линк, и ако ти го отвориш и користиш Спотифај - ни креира заедничка плејлиста од то шо двата слушаме во моментов. Spoiler То шо замаглив е кој + кој е плејлистата и од кој која песна иди, од страна има профилните слики. Ова пример ми е блендот со бившио. Па ко ќе видиш дека слуша глупости, а не то шо му праќаш - Н О Р М А Л Н О
Се губам во светот на фантазијата кога луѓе: 01. Зборуваат сè и сешто од нивниот приватен живот и тоа во детали, толку ситни и небитни, ваљда поради потреба да дрндаат, 02. Раскажуваат за прости работи ко демек се некаква реткост, демек ќе те просветлат, демек кој знае колку интересни нешта споделуваат, а се еднакви на "надвор е мокро затоа што врнеше". Значи ми се плаче, можам солза да пуштам од досада и сафра, буквално сакам да речам зачепи и размисли дали вреди да го кажеш тоа што го кажуваш зошто ја трошиш туѓата ментална способност за трпење на глупости без врска. Не сум супериорна, не сум арогантна, не сум некултурна, ама ве молам луѓе, имајте осет што зборувате, стварно е подобро ништо да не кажеш, отколку да зборуваш сè и сешто, размислувајте зошто зборовите отупуваат мозоци.
Не е тоа истата елка од лани, само и туриле уши и други сијалички за да не се приметуе? И плус украле уше 30 илјади евра?
Абре партискиве ботови од дпне не ги можам ич бе, читам коментари луѓе ја критикуваат елката тие одма скокаат како Орце се трудел и како не требало тоа воопшто да се дискутира битно сме имале елка...бла бла бла. Проблемот е што истите тие луѓе лани што не пишуваа за Данела и за елката. Ако, пишувајте, ама бидете реални, а вмроец и реалност не може во иста реченица. Затоа преку 400000 гласови ваѓаат, зошто се проста раја што не размислува и што вика и магаре да е, дека ќе го гласа. Така им намалија на пензионерите, им ги измија умовите дека сепак прават подобро од претходните и пензионерите пак скокаа вмро ни покачи пензии, да ви покачи ама притоа си зеде 700 денари од секој пензионер вџеб. Џабе зборам џабе се нервирам, држава со IQ85 ни не заслужува повеќе.
Си реков да се потсетам малку за ✨confirmation bias✨ зошто нереално колку често периодов го забележав и ми е забавно. После на малку друга тема скокнав (цел круг до cognitive distortions), се на се, OneNote е најдоброто нешто шо се случило за мене во мојот живот. Не сум редовна да имам блог, некогаш се лутам да пишам тука. Сама себе си пишам. Ок и на @Angie1432 линкови праќам. Мора да штимаме повремено едната мозочна клетка шо ја делиме.
Сите треба да имаме храброст и да бидеме како човекот.. Што е важно кога било и колку време сме поминале заедно, важно си изневерен. Ретко кој е вака одлучен, сите се врзуваме за она "Ама толку време сме заедно целиот труд ли да пропадне", секоја чест.
Мислам дека треба еден заеднички one note да направиме, нешо ко brain dump. Може ќе испадне нешто ново и уникатно од таа мозочна клетка , можеби неразбирлива салата од зборови, who knows.