За женски е секогаш така, за жал. Ако е нешто каде треба возрасна особа - тогаш си возрасна особа и сноси одговорност, сама си крива, сама се носиш, за ова мора да си присутна зошто сега си веќе жена. За други работи? Па ти си девојче, не можиш ова да прајш, не знајш ова да прајш, треба некој друг да го прај место тебе. Би рекла тука негде е основата на ваквото резонирање.
Мене неколку пати во автобус контролата додека чека да извадам слушалки, па да отворам апликација да види дека имаме карта платено, ми вика ако си средношколка не се замарај.. Каква средношколка јас 26 годишна
Кога ќе родиш дете. Логично. Ова прашање и одговор го имам слушнато во живо, ми се крена секое влакна на глава. Ја те сфаќам за муабетов. Значи не збориме за комплимент "девојче", туку за истото во дерогаторен контекст. Да не се лажеме, ама сѐ уште - особено од постарите генерации може да се слушне дека не сме доволно жени ако не сме уште мажени и со деца. Тоа е за жал исклучиво женски проблем и навистина никој никогаш не проценил комплетност на еден маж според брачен статус. А дека е убаво да ти се обратат со девојче е убаво, мене на пример ми е чудно кога некој ќе ми рече госпоѓо пошто прво стварно сум многу далеку од госпоѓо, а второ звучи пресериозно. Девојче е скроз фино и мило.
Може сериозно им изгледаш Никад не ми рекле, уствари ми рекле, на телефон тој од карго Значи може и над 30 ако си да важи ова? Ова дадичке баш слатко е, и ниту вака никој ама баш никој не ме има наречено Малечкиве деца исто со девојче ми се обраќале. Уствари мајките на деца знаат така да речат дадичката. Али не заборавам, девојче од 9 години, ми вика 'Ти личиш на девојче' Викам колку ми даваш? Ко за втора година Факултет? Не, средно Па сеа, ако не се искрени децава.. И скоро друг малишан првооделенче, со девојче ми се обрати. Како се стареело, ова све помило и помило било бе