Мене неколку пати во автобус контролата додека чека да извадам слушалки, па да отворам апликација да види дека имаме карта платено, ми вика ако си средношколка не се замарај.. Каква средношколка јас 26 годишна
Кога ќе родиш дете. Логично. Ова прашање и одговор го имам слушнато во живо, ми се крена секое влакна на глава. Ја те сфаќам за муабетов. Значи не збориме за комплимент "девојче", туку за истото во дерогаторен контекст. Да не се лажеме, ама сѐ уште - особено од постарите генерации може да се слушне дека не сме доволно жени ако не сме уште мажени и со деца. Тоа е за жал исклучиво женски проблем и навистина никој никогаш не проценил комплетност на еден маж според брачен статус. А дека е убаво да ти се обратат со девојче е убаво, мене на пример ми е чудно кога некој ќе ми рече госпоѓо пошто прво стварно сум многу далеку од госпоѓо, а второ звучи пресериозно. Девојче е скроз фино и мило.
Може сериозно им изгледаш Никад не ми рекле, уствари ми рекле, на телефон тој од карго Значи може и над 30 ако си да важи ова? Ова дадичке баш слатко е, и ниту вака никој ама баш никој не ме има наречено Малечкиве деца исто со девојче ми се обраќале. Уствари мајките на деца знаат така да речат дадичката. Али не заборавам, девојче од 9 години, ми вика 'Ти личиш на девојче' Викам колку ми даваш? Ко за втора година Факултет? Не, средно Па сеа, ако не се искрени децава.. И скоро друг малишан првооделенче, со девојче ми се обрати. Како се стареело, ова све помило и помило било бе
Не знам, али мене од увек со Вие ми се обраќаат каде и да одам, уште од средно по презиме ме викаат, а и бившите гспоЖа ме викаа на ,, нагалено,,. А за тоа кој како ме перцепира, ич не ми чуе, јас од увек сум се осеќала као возрасна жена уште од копиљка, а и на крају краева i am just a girl. Мислам, ја на 21 година влагам у такси со брат ми 18 годишно магаре и тој слепецот ме персира и ме прашуе кај ќе одам со син ми. Што би рекла Демонка, мрш.
Леле ова сега гледам, и ми текна нешто. Имав немажена тетка, средина на нејзини 30ти тогаш, пред 15 години можда. И тетка ми е, онака ко ќе нацрташ стебло - тетка ми е. Па не се налути еднаш зошто ѝ реков „тета“ (пак, ТО ШО МИ Е), наместо да речам „дадичка“? Значи некој од фамилијава или другарките да ми родат дете - it's over, јас ќе бидам тетка Демон, најтетка од тетките. Ќе го викам внучето „теткино“. Дадичка my ass. Ама многу има несигурности околу стареењето и ептен испливуваат вака на површина, особено ако сметаме дека на тие дадени години не сме исполнети доволно. Лично, не можам да дочекам да наполнам 30, превозбудена сум. Иако, пак дел од мене се плаши од стареење. Ама не од то дека внук ми ќе ми речи „тета“ или дека ќе бидам „жена“ од 30 години. Туку јас мислам на то како неќам брчки, сакам да бидам како славниве со новите процедури, беби ботокс тука, фејс лифт онаму, малку коската да срониме, ајде јаболчниците...
Се исто ми е како ми се обраќаат понекогаш користат чичко, батко понекогаш дечко понекогаш господине. премногу мало е да се замарам со такви работи.
Каков човек треба да бидеш за да оставиш некој сам? Какви сте тоа вие другарки? Ако одите некаде заедно, треба и заедно да се вратите, а не една да извисите.. Јас никогаш не сум можел така некој сам да оставам, толку доцна да се враќа назад ако сме веќе заедно, заедно си одиме или ако немаш со кој а одиме во ист правец ќе те викнам со мене, најмногу да те мразам, најголем непријател биди ми нема да те оставам сам.. Инаку вчера девојка ми беше излезена со колешки од факс, ме замоли вечерот јас да ја соберам и одвезовме уште едно девојче до дома скроз на друга страна затоа што другарките со кои што дошла и живеат во иста населба ја извисите и си заминале сами, а татко и ги довезол сите до тука. И многу ми е глупо така да оставиш некој сам, ајде тебе да те остави некој како ќе ти биде?
Сакам да кажам, идете исчистете си ги пирсевите! Значи извадете ги и оставете ги во топла вода со таблета за протези, или со хидроген, алкохол, солен раствор, абе и сапун со било што да остојат! Значи луѓе чистете си ги пирсевите! Еднаш неделно обавезно! И нови да ви се дупчињата, сеедно. Ништо нема да се деси ако ги извадите на 10 минути после една недела. Значи страшно што гледам!
Никад нема да ги сфатам овие што со бебиња одат да патуваат, тоа ечи цел авион, бебево вознемирено.. Сфаќам да мораш да патуваш поради работа, или нешто итно, ама од бес што не можеш една година да се стрпиш да не шеташ, да го малтретираш детето, е тоа не можам да го разберам.. Да не и трпат на мама постовите на Инстаграм да нема слика ставено од Крисмас базар, па мора со бебето од 4 месеци да оди на патување.. Друго е кога веќе детето ќе биде две години и повеќе, ама малтретирање на бебе само за на мама и тато да не им трпи Инстаграмот ми е Башка Доротеј Максимилијан нема да има слика од базар новагодишен во неговата прва година од животот, каква трагедија.