Пратка од Скопје во Скопје со Македонски пошти стигнува за 55 дена. Вечна да е! За тоа време добив 7 пратки од Кина
Тоа не е ништо, една имаше викнато сликар да ги слика кога ќе искачаат од болница со бебето, професионален фотограф, кога видов си реков овие отишле со паметот.. Да видат сите дека во Систина се пораѓала, месец дека после тоа ставаше слики од пред болницата, па после мекици правеа, па неколку месеци ставаше слики од мекиците, таман помина тоа, крштевка правеа, па неколку месеци после тоа од крштевката ставаше слики, па после запче, па и за тоа прослава, торта, па пола роденден, па прооди детето, па после тоа прв роденден му славеа во Рагуза и сега не сум веќе во тек ја избришав од пријатели, многу ми беше, не можев се да следам..
Кој ги лаже машкиве дека со упорност можат да те премислат да ги засвиѓаш? Ако не те свиѓа биди колку сакаш упорен ништо нема да се смени.
Летово кога бев на одмор, бендисав една многу убава марама, така со сини и златни дезени, ама скапа ми се виде, 15 евра. Имав пари со мене ама не ми се даваа. Ја меркав, ја меркав и на крај не ја земав. И од одморот ми останаа околу 70тина евра. А и тие 900 денари до денес сигурно сум ги потрошила на глупости. Сега немаше ни да се приметува дека сум ја купила, а ќе ја имав. И си викам вака многу пати прајме у животот. Кратиме од некои мали задоволства без разлика биле некое скромен одмор, убаво јадење оти во моментот не го гледаме уживањето, оти некогаш премногу мислиме за што ќе биде утре. Иако треба, фала богу, еднаш нема нешто да смени, а тоа еднаш тебе може да ти смени многу, да ти донесе спомен, ентузијазам да кажеш некому колку ти се свиѓало јадењето, одморот или блузата, а парите нема да ги жалиш. Ама тек сфаќаш кога више си ја пропуштил шансата.