Пратка од Скопје во Скопје со Македонски пошти стигнува за 55 дена. Вечна да е! За тоа време добив 7 пратки од Кина
Тоа не е ништо, една имаше викнато сликар да ги слика кога ќе искачаат од болница со бебето, професионален фотограф, кога видов си реков овие отишле со паметот.. Да видат сите дека во Систина се пораѓала, месец дека после тоа ставаше слики од пред болницата, па после мекици правеа, па неколку месеци ставаше слики од мекиците, таман помина тоа, крштевка правеа, па неколку месеци после тоа од крштевката ставаше слики, па после запче, па и за тоа прослава, торта, па пола роденден, па прооди детето, па после тоа прв роденден му славеа во Рагуза и сега не сум веќе во тек ја избришав од пријатели, многу ми беше, не можев се да следам..
Летово кога бев на одмор, бендисав една многу убава марама, така со сини и златни дезени, ама скапа ми се виде, 15 евра. Имав пари со мене ама не ми се даваа. Ја меркав, ја меркав и на крај не ја земав. И од одморот ми останаа околу 70тина евра. А и тие 900 денари до денес сигурно сум ги потрошила на глупости. Сега немаше ни да се приметува дека сум ја купила, а ќе ја имав. И си викам вака многу пати прајме у животот. Кратиме од некои мали задоволства без разлика биле некое скромен одмор, убаво јадење оти во моментот не го гледаме уживањето, оти некогаш премногу мислиме за што ќе биде утре. Иако треба, фала богу, еднаш нема нешто да смени, а тоа еднаш тебе може да ти смени многу, да ти донесе спомен, ентузијазам да кажеш некому колку ти се свиѓало јадењето, одморот или блузата, а парите нема да ги жалиш. Ама тек сфаќаш кога више си ја пропуштил шансата.
Не секое патување со бебе е за Инстаграм, исто како што не секој што не патува е подобар родител. Не знаеме ничија причина зашто е тоа така, на некој му е фамилијата далеку па сега добил шанса да си ја види, некому му треба промена, некому можеби тоа патување му е спас од таа монотонија. Тие што се мајки знаат како е со мало бебе, не знам дали си ти ама ете давам пример. Да ми се укаже прилика, едвај чекам да отидам некаде. По цели денови реалноста ми е само да сум дома со бебето. И да, не би ни постирала на инстаграм зашто живот није инстаграм за сите мајки и не треба да се генерализира. Точно е дека повеќето бебиња тешко поднесуваат авион,точно е дека има и такви што им се сведува се за инстаграм и тоа сфаќам. Ама животот не завршува кога ќе добиеш бебе, пак ќе кажам , едно такво патување и те како би ми дошло добро за менталното здравје. И не мислам дека е себично тоа.
СДК: Однесувањето и енергијата на возрасни луѓе за едно смарт тенџере и банер со сијалички, needs to be studied Возрасни луѓе на виртуелен форум, by the way
Не ми е јасно како не се срамат одредени мажи кои оставаат бремени жени сами да трчат по лекари (поради здравствени проблеми), од причина дека требал он да оди по лекари за некои минимални негови проблеми, кои може да почекаат на пример, само затоа што жената носи девојче. Да е било машко, може би ќе се замарал повеќе. Еве ова го слушнав денеска од брачен пар и се згрозив на чисто!
Ќе поодат 2 месеци и се земаат.. стварно не ми е јасно како можи за толку време да се запознае човек, два месеци дома ми требаат едно лепило да му клам на кабелов од нетов да не се сопнувам лол Имаше еден твит од пред 7 8 години" Како бе се зимате за 2 месеци, може уште тутки лепи под маса а вие не знаете" хахах.
Некогаш и 5 и 10 години да се запознаваш со некој на крај ќе разбереш колку всушност не си го познавал.. Зошто е крива таа? Од кај знаела дека ќе биде таков во бременоста, не му пишува на чело?
Не мислев во буквална смисла крива, него дека нели секогаш жената е крива, колку и мажот да е лош, испаѓа жената крива.
и мене еднаш на лет за одмор ми пречеше плачење на бебе постојано ама после размислив дека нема ништо лошо во тоа, бебе/дете плаче. Тоа е ЈАВЕН превоз. Де, ако сакаш мир летај со високобуџетна компанија, бизнис класа или не знам прајват џет или како што Нина мисли: може пешки да идеш дс речеме до Будимпешта да не засметаш на некој па и во школо, градинка ако немаш кола пешки идете, што во јсп
Леле луѓе се доселија во зградата нови комшии одма спроти нас не знам шро е со нив работата само се тепаат и трескаат вриштат , мене не ми беше јасно што се дешава прво мислев некое немирно дете пишти но после отворив врата и ко за беља и они отворија во исто време да не мислат ги прислушкувам . Не знам дали да им викнам полиција следен пат затоа што втор пат се дешава ова..
Што да правам кога на работа сум најмлада и постарите колеги цела работа на мене ми ја префрлаат? А ако ги одбијам културно, добивам етикета дека сум мрзлива. Јас сум број 1 во работава според менаџментот, ама колегиве се такви вошки од луѓе, дволичност и кодошење. Не смеам погрешно да трепнам. Многу ми нафрлаат работа што не е моја за правење, а различни отсеци сме. Полека ми се смачува. Неможам да најдам друга работа. Така да тоа не е опција.