Не знам како може некој да си дозволи такво понашање врескање трескање … Не знам каков им е тој начин на живот ми идеше да пишам во вибер групата од станот пред сите у смисла да се заќутат и дека никој не е должен да ги трпи испадите ..
А што ќе им напраи, ќе ги исели од нивен (купен/изнајмен) стан? И ако е семејно насилство, дури жената не реши да си замине, ниедна полиција ништо не може да реши.
Ама што значи постапување? Имав едни комшии, таков им беше лајфстајлот. Сто пати идеше полиција, нит може да ги разведе, ниту да ги исели. Среќа, јас се преселив, верувам и денес живеат исто. Имав и едни други, дечко и девојка, таа вриштеше пуштеше, па си замина, па се исели и тој после. Друго решение не знам што може да биде,
Прво напиши им писмено предупредување дека нивната врева смета и дека ќе бидат пријавени доколку не се стишат, па остави им го пред вратата (не наведувај име и презиме). Ако некој од зградата ти го знае ракописот, тогаш испринтај го некаде и остави им го. Ако нема промена, разговарај со другите комшии и дознај дали и на нив им смета вревата. Заедно поднесете жалба до управителот на зградата. Ако другите не се замараат, тогаш ти сама обрати се до управителот. Ако и понатаму нема промена, тогаш обрати се во полиција.
Да. Кога ќе го направам тоа манипулираат дека јас сум неќела да работам кога во реалноста, они ми ја фрлаат нивната работа.
На работа имав слична ситуација со колешка , иско стснива збор за многу позната болница со приватно обезбедување со се он пак наоѓаше начини и никој ништо не му можеше колешката повторно се смируваше се тепаа се влечеа по паркинзи .. Пробавме на работс да и помогнеме дури и најдов стан под кирија амс она ете пак му се враќаше и сепак додека не се одлучи она нема како.. Потоа пак се случуваше тоа и ми пукна филмот разговаравме со колешките други се пожаливме дека не се чувстуваме безбедно јас на работс кажав дека доколку не ја избркаат јас си давам отказ и ја избркаа па среќа се откачи дебилот не демнее веќе по паркинзи…
Кога сме кај случки со комшии... живееме во вукојебина со нецивилизирана стока, која не реагира на љубезност, работи решава само со агресија и закани. Мене ми се дешава ова, цевката на сералната на овие над нас им е пукната, на ѕидот има огромна флека од нивните фекалии кои за жал не мирисаат на малини. 3-ти пат љубезно ги замолуваме дека треба да си ги сменат, ова трае со месеци, да си викнат мајстор, добиваме игнорирање, во еден случај дури и дрско понашање у фазон па добро, што да правиме, едни мајстори менуваа нешто пред неколку години... Па ќе викнеш пак доколку има проблем, водата не оди нагоре. Како да викнеш мајстори и да им ги качиш горе во ера кога тешко се наоѓаат, а постои и веројатност да не отворат. Освен да урликаш и да се закануваш со тужби, да ја правиш фиромската. Овде тешко дека ќе налеташ на скандинавци, си имаш работа со нецивилизирано племе кое реагира само на агресија и безобразлук.
СДК, од годинава активно ја користам опцијата игнорирај член и те како ги гледам благодетиве. Избирам да сум лишена од (бледи) дискусии. Многу арогантност во одредени ликови. пс. пред малку стиснав уште еднаш.