Не знам како може некој да си дозволи такво понашање врескање трескање … Не знам каков им е тој начин на живот ми идеше да пишам во вибер групата од станот пред сите у смисла да се заќутат и дека никој не е должен да ги трпи испадите ..
А што ќе им напраи, ќе ги исели од нивен (купен/изнајмен) стан? И ако е семејно насилство, дури жената не реши да си замине, ниедна полиција ништо не може да реши.
Ама што значи постапување? Имав едни комшии, таков им беше лајфстајлот. Сто пати идеше полиција, нит може да ги разведе, ниту да ги исели. Среќа, јас се преселив, верувам и денес живеат исто. Имав и едни други, дечко и девојка, таа вриштеше пуштеше, па си замина, па се исели и тој после. Друго решение не знам што може да биде,
Прво напиши им писмено предупредување дека нивната врева смета и дека ќе бидат пријавени доколку не се стишат, па остави им го пред вратата (не наведувај име и презиме). Ако некој од зградата ти го знае ракописот, тогаш испринтај го некаде и остави им го. Ако нема промена, разговарај со другите комшии и дознај дали и на нив им смета вревата. Заедно поднесете жалба до управителот на зградата. Ако другите не се замараат, тогаш ти сама обрати се до управителот. Ако и понатаму нема промена, тогаш обрати се во полиција.