Среќна нова! Ви посакувам се најубаво, се што не успеавте во 25та да си исполните сега. Мене ова ми беше најдобро дочекана нова година.
Годината стандардно треба да се подмачка со мајонез уште на почеток. Урок е да се почне со хумус намаз и свежи ренданици
Појадок, ручек, вечера - кифлички и руска. Секој ден, до 3 Јануари. После тоа, секако се фрла остатокот од руската. Стандард. Среќна 2026
Нејзиното височество руска целосно се јади, калории не се бројат овие денови! Вчера вечерав, денес појадував, и ќе има сигурно за уште 2-3 дена. Spoiler
Нова година без руска и кифлички после да јадеш 3 дена, не е тоа, тоа. Јаготка на шлагот е секако и честитка од тетките со некој гиф од 2009. Мојава малце напредна со изборот, ама не знаев дека годинава заминала за Сингапур.