Среќна нова! Ви посакувам се најубаво, се што не успеавте во 25та да си исполните сега. Мене ова ми беше најдобро дочекана нова година.
Годината стандардно треба да се подмачка со мајонез уште на почеток. Урок е да се почне со хумус намаз и свежи ренданици
Појадок, ручек, вечера - кифлички и руска. Секој ден, до 3 Јануари. После тоа, секако се фрла остатокот од руската. Стандард. Среќна 2026
Нејзиното височество руска целосно се јади, калории не се бројат овие денови! Вчера вечерав, денес појадував, и ќе има сигурно за уште 2-3 дена. Спојлер
Нова година без руска и кифлички после да јадеш 3 дена, не е тоа, тоа. Јаготка на шлагот е секако и честитка од тетките со некој гиф од 2009. Мојава малце напредна со изборот, ама не знаев дека годинава заминала за Сингапур.
Најтажната слика што ја видов денес. Толку ми падна жал. Еве само што се враќам од гости, еден дедичко, стуткан, со волнени чорапи и влечки, наоблечен, шеташе сам. Кога се разминавме... Како понастрана застана, ко да се уплаши од мене. Толку ми е неубаво на душава, не знаете. Се подвратив наназад, не знаев како да постапам. И така, еве си плачам.
Среќна Нова 2026, здрави, живи и сакани! Дојадуваме руска салата и кифлички до Бадник, после тоа ќе јадиме сарми и грав од Бадник.
А да се прави јадење колку што може да се изеде? Туку, друго сакав да кажам. Треба да се забрани пиротехника, не целосно, туку да е дозволена под одредени и соодветни услови, а не секој на кој ќе му текне да си пука и да предизвикува опасност и за себе и за другите.
Ем-ти-ви згасна вчера. Искрено, ич не ја следев последнава деценија, освен со гости, пушташ една од стоте телевизии за да ти дрнка нешто у позадина. Али сепак, згаснувањето е крај на една ера. TRL колку ми беше омилено музичко шоу, во живо од студиото во Times Square, интервјуа со ѕвезди, премиери на музички спотови/албуми, а долу на улицата - фанови, гледаат и вриштат. Вриштев и ја од дома со нив. Тоа беше ера на Бритни, Џастин, Кристина, Еминем, Дестинис Чајлд, Пинк, Аврил, сите премиери ги имаа тука... Па MTV Cribs - домовите на ѕвездите, гледаш и плачеш каде живееш, Making the Video - гледаш како ги снимаат спотовите, The Osbournes, кои ми беа одвратни, особено Кели пошто беше у фајт со Кристина. Punk’d со Ештон мачето, имаше и некакви гнасотилаци кои не ги следав - Jackass. Леле па MTV VMA колку ги чекав ради настапите, уште ги следам до денес, не знам дали и ова ќе згасне како формат. Крајот на 2000-тите, каналов постепено се свртува кон ријалити програми, секако дека следев срања како A Shot at Love with Tila Tequila, Jersey Shore и Geordie Shore. Парис Хилтон исто си бараше бест френд во Paris Hilton's My New BFF. Ќе ми миска MTV од моето време. Прв спот кој го емитувале бил Video Killed the Radio Star, а сега стриминг платформите ја убија MTV. RIP MTV, 1981-2025.
Као некој роден во '90та, пораснав со MTV (и VH1), идентитетот ми се формираше преку каналиве. Значи периодот од 7-8 години, па низ средно (пред појавата на YouTube), го поминав пред/со каналиве, а поготово од 11 до 14 години америчката музика и културата околу неа ми беа религија. За мене тоа беше златната ера, не ни ја сакав апла популарната музика, ама сè знаев за неа и музичарите. ТРЛ пратиш топ 10, пратиш интервјуа, се радуваш ко ќе има некој гостин што го сакаш, пратиш разни емисии, раскажувања, било единствено место да го видиш и слушнеш музичарот шо го сакаш. Ако некоја песна што ја сакаш на прво место, знаеш секој саат дека ќе ја пуштат. Чекаш да ја слушнеш, спотот да го гледаш. Па чекаш утре пак. VMA сум гледала у живо до 6 сабајле, со огромна страс, го впивав секој момент и детал, буквално наградиве ми беа ултра важен момент во годината. Знам дека звучам ко бумер, ама пред интернетот, MTV беше магична појава (во комбо со списанија), ништо не се спредува денес, жал ми е за новиве генерации што никад нема да искусат нешто толку специјално.
Ти па што си чудна. Кај нас за обичен ручек се прави најмалку за два дена да има, камоли за руска салата и кифлички или па храна за некој посебен празник.
Ја гледам последната епизода од Stranger things.. Многу не се задоволни, зошто вака, зошто така.. Како и да е и јас очекував повеќе но сум задоволна, пуштив 2-3 (повеќе) солзи, баш знае да те погоди..