Обично не следам риалити, ама цел ден ми кружеше едно видео на тт кај што во некое риалити еден маж клечи и моли жена да си го види детето и да му дозволи да оди кај неа на роденден. Првиот впечаток ми беше дека жената премногу си игра со него, може, па не може и го провоцира и дека е само татко што си го сака детето без разлика што не се сложувале. И како ми излегуваат се повеќе видеа со ова си викам, дај да истражам што е толку популарно ова. И мајката е кралица, секоја чест, така и му треба. Таа бремена, тој ја изневерувал со друга и не му било гајле за неа. И после му текнува дека сепак си го сака детето... И сега како тешко му било на него, а на неа се исто и било додека таа е бремена со негово дете а тој среќен со друга.. Ова се е снимено дека е дел од риалити, незнам дали е за прегледи, ама исто се случува со многу луѓе надвор ова. И само е како доказ дека среќа врз туѓа несреќа не се гради и дека ако направиш некој да се уништува поради тебе, ако тој пател 3 месеци ти ќе патиш 3 години после тоа. Не верувам во карма и судбина, ама скоро па секогаш е правило ова. И никогаш не треба да се прости на некој што те повредил свесно толку многу, да си му битен не би направил ништо за да те повреди.
Јупиии, уште еден шо гледа Задруга . Ова беше од претходната сезона, баш заради оваа случка и го запратив ова шоу. Типот шо клечи, Терза, е се ,само татко не е.
Не гледам, никогаш немам гледано, само многу почна да ми излегува на тт и морав да истражам што е работата.
Ништо не може да ме преплави со среќни хормони како што тоа го прават кокичињата, едни од најубавите и најкревките креации на природата. Денес забележав дека никнале во дворот и едвај чекам да пораснат целосно. Од некоја Х причина нивното појавување секогаш ми дава трошка надеж дека следува убав период. Како со нивната бела боја да пркосат на темните нијанси со кои се опкружени и ги навестуваат шарените пејсажи кои допрва доаѓаат. И традиционално, деновиве очекувам татко ми да влезе низ врата криејќи нешто позади грб. Првиот букет од кокичиња го добивам од него, знае дека најмногу ним им се радувам
Ајде да се изброиме и поделиме на тие шо користат АИ алатки и шо не користат оти во кафанава е жустро
Кога ќе се внесиш во некое шоу, па цел алгоритам на Инстаграм ти станува во врска со него и несакајќи читаш спојлери. Ама ок, барем имам време психички да се спремам за она што следи.
Сдк до вчера беа журките, кафаните и домашни софри за секој можен повод со мрсни, премрсни трпези накрцани до даска а утре ќе биде "Боже поможи" со посните бадникови маси на фејсбук. Колку сме дволични и глумиме лудило само.
Луѓето шо работат во маркетите, особено тие во големите маркети дефинитивно треба да се прогласат за ХЕРОИ на годината На сите овие гужви кои ги ствараме сите ние предпразнично, тие неуморно ни излегуваат во пресрет на сите ама баш на сите да изнакупиме се и сешто, да како да ќе нема за утре, иако и нив им се празници. На целиот умор кој се гледа на нив, уште уморно на сите посакуваат и убава вечер и среќни празници. Алал да ви е, ова е за респект
Од сите нив на прво место се кариерките во КАМ, на ниедно друго место толку брзо не куцаат. Во кој и маркет да сум влегол, никој не може да ја постигне брзината на касиерките во КАМ.
Ги знаете оние луѓе што чекаат до последен момент да испазарат, и прават гужви по маркети ? Јас сум тие луѓе. Мрзата > Јас
Преѓе на вести кажаа колкумина останаа без прсти поради петарди и пак некои идиоти ги фрлаат кај стигнат.
И јас и затоа потам и се нервирам во место на каса дур чекам и на крај без леб останав. Валда ќе им текне да прекинат додека некој не остане и без око.
Дури не се забранат целосно или вистински не се казнува секогаш ќе има вакви идиоти. Ќе останат без раце ама пак ќе најдат начин да фрлаат. Коледе навечер, палат оган надвор и наместо нормално да се обележи традицијата тие се пијанат ко магариња, пуштаат турбофолк и пукаат петарди. Одамна ми се има одмилено ради проста раја и веќе со години немам излезено да стојам на оган (барем овде тоа се одбележува секогаш).
Да знаеш колку ги слушам само низ маалово. Пред зграда ми палат, страшно се нервирам пошто утре сабајле нема никој од нив да пипне по губрето, се ќе остават така, остатоци од оганот и шишиња празни од алкохол. Не ги знам кои се, инаку ќе ги соберам во ќеса пред врата ќе им го носам дома. До тој степен ме нервираат.