Порано кога истово го викав у темана, ми викаа да не изигравам психолог/психијатар, само стручно лице можело да каже дали е за на лекар или за на психолог, сум била без емпатија, сум им ја игнорирала анксиозноста, не можеле да се искажат на раат... Па се заќутев едно време, ама одамна си викам шо qr ќутам, форум е, не мора никој да пишува ако им сметаат туѓи мислења. ¯\(ツ)/¯
ова ме потсети на докторката која до пред 4 месеци ми беше матична. Се сеќавам пред околу 3-4 години осетив нелагодност во градиве. Отчукувањето на срцет можеме да си го осетиме. Јас осетив како да имам неправилна работа. Како прескоци, аритмија. Идам кај таа матична кажувам што мака имам барам упат за на интернист (кој го има во склоп со клиниката каде работи матичнава). Гледам во упатаот пишала dg. Anxio depresii ми идеше да појдам да ја акнам од биро. И имам слушнато дека на многу пациенти кои биле таму за некој здравствен проблем таа место да направи испитувања да ги исклучи можните болести таа се базира на психолошка реакција. Последно кога бев чекам една жена имаше проблем со дишење. Јас очекував да добие упат за на пулмолог,може астма е таа излага со упат за на психијатар. јас се спасив, најдов друг матичен лекар ама тие кои не се свесни и се цврсто потпрени на лекарите искрено ми е жал за нив. Вистина дека стресот зазема голем замав со лоши последици ама при дијагнози прво се испитуваат и елиминираат постоечки болести па после се пристапува кон совет за психолог/психијатар
Јас со години акав по actual дијагноза. И матичните си ебале мајката, првата матична ми викаше Пиј си чајчиња за смирување. Ок. Ја сменив, и си ги најдов дијагнозите уствари шо имаат влијание на анксиозноста. Јас не викам дека немав анкс, мада и самата матична ми ствараше анксиозност, ама бев цврсто убедена дека нема шанси сите симптоми да ми се од тоа. Со малку соодветна терапија се стана подобро у рок од месец дена.
Ради вакви тие што имаат исклучено физички причини не можат да дојдат на ред да си се искажат во темата. И божем ние овде сме јасновидци, па одма ќе погодиме дали е анксиозност или друго. Попрво ќе умрат него ли да одат да се проверат од глава до пети. А, бе, стоп малце. Седни и вклучи го мозокот. Елиминирај постепено. Отклучи го телефонот и види во апликацијата дали си во ПМС. Сети се дали претходните два дена си имала стресна ситуација или не. Да не ти е гушењето ради физичка причина. Не одма анксиозност и готово.
Јас вервам дека многу и немат добар доктор покрај себе и му верват на тој кој само сака да пиши "анксиозност". Јас со анксиозност инаку од дете, ми ја препишаа како "стрес, аман вие децата сите вакви" и "абе до водата да не ти е ахахах" и како резултат на долго не третирана анкс добив физички симптоми и тогаш пак не ме пуштија да проверам ништо туку ми дадоја апчиња (поз Улкодин, некогаш се думам колку канцероген бил шо го повлекоја ) за покасно да испадни дека ya girl има гастрит. Сакам да кажам, ако ете мајка ми, оти јас дете бев, беше свесна за некои работи и одевме кај друг доктор - ќе имав поинаков живот. Не оставајте матичен да ви речи само стрес, анксиозност или популарното "ништо не ти е". Ако имаш конзистентен проблем без разрешување - до секој специјалист оди. Ако имате приватно осигурање, а многу луѓе од работа имат - максимално користете го. Уника не ми е жал колку пати ја имам "оштетено" за здравјето мое. И операции и прегледи ми покривала. Приватно осигурање ми е најдобра инвестиција. Сега веќе со раков и посериозно ме земат, па детално се ме прегледват ама во животот помирна не сум била знаејќи дека се ми е прегледано детално и не можам да опишам колку чувството е незаменливо. Јас во тема анксиозност, како анксиозна особа не можам да пишам оти ме вознемирва. Ама ете можам да разберам дека не е до луѓето, зошто некогаш е и до докторот. Ама ако сте свесни дека уште имате проблем - одете и на второ, трето, четврто мислење. И покрај то да проверваш зошто нешто боли, психотерапија е секогаш добредојдена. Не мора да е последна станица, психотерапија треба да е и кога не си во многу лош период. Грижа е за менталното здравје, за актуелни проблеми, ама и за разрешвање на нешто поминато. Не си "посилен" ако одиш на терапија од ко ќе не можиш да се справиш сам, ни пак си "послаб" ако одиш одма. Менталното здравје е дел од здравјето. И ако не се грижиме и за него си повлеква и други проблеми.
Ја само ќе се надоврзам. Имам нешто пишувано ама кога више се начна темава. Како тинејџерка неколку пати завршував на итна и инекции за смирување ради напади на силни тахикардии, ладна пот, варијации во притисок и тешкотии во дишењето. И ми правеа испитувања на срце, тироидна, не излезе ништо, нападите беа мноогу слични на панични напади, остана на крај да сум отишла психолог да ме оправал. Не отидов тогаш одма, нападите избледеа некако, особено кога почнав да вежбам скоро веќе и ги немав. Успат јас имам варијации во притисок кога стојам, од долго стоење и седење буквално можам да се онесвестам, ми помага само пиење многу вода и внесување сол и кревање нозе кога ми е лошо. И дури прашував луѓе онака што ги знам дали исто им се дешава пример кога чекаат ред, сите ме гледаа со чудење, па демек може железото ти е, а напротив, дури над граница ми е. Почнувам да читам по интернет и по доолго време и детално пратење симптоми, сфаќам дека најверојатно имам лесна форма на POTS или евентуално ортостатска интолеранција, точно не знам. Спомнав на матичната, немаше абер за состојбиве. И на форумов имаше пишано дечко со слично искуство кој добил дијагноза во Германија, тука луд го правеле. Ама еве одлично си ја менаџирам сама, што год да имам. Среќа и работата не ми бара постојано стоење во место. А при стрес/анксиозност не дека ич не реагирам али што знам, знам да распознаам кога ми е нешто од стрес, кога не е. Исто за жолчката, жолчни камења многу често се осеќаат како киселини во желудник, па ти тука прво беше аа сигурно ти е од стрес, те мава на желудник ама ааајде за секој случај едно ехо и на ехото surprise surprise
Има една изрека: "5 mins after your birth, they decide your name, nationality, religion & sect & you spend rest of your life defending something you didn't choose."
Кардиолог и тука би можел да ти дијагностицира потс. За темава, I blame the fact што претерано се зборува за анксиозност. Да, убаво е што се стави внимание на таа тема, ама бенефитот престанува кога сите почнуваат да даваат свој придонес и веќе се изместува границата измеѓу факти и фикција. Моментално сите необјаснети и психички и физички симптоми се препишуваат на анксиозност, исто како што порано била популарна хистеријата.
И на ова да се надоврзам. Јас вервам дека треба да има групи за поддршка, како онлајн така и во живо за менаџирање на вакви состојби. Ама ако нема неутрален медијатор (кој не е афектиран, и е стручен) - ќе излези од контрола и е на штета на учесниците.