Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.559
    Допаѓања:
    25.802
    Порано кога истово го викав у темана, ми викаа да не изигравам психолог/психијатар, само стручно лице можело да каже дали е за на лекар или за на психолог, сум била без емпатија, сум им ја игнорирала анксиозноста, не можеле да се искажат на раат... Па се заќутев едно време, ама одамна си викам шо qr ќутам, форум е, не мора никој да пишува ако им сметаат туѓи мислења. ¯\(ツ)
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    1.573
    Пол:
    Женски
    ова ме потсети на докторката која до пред 4 месеци ми беше матична. Се сеќавам пред околу 3-4 години осетив нелагодност во градиве. Отчукувањето на срцет можеме да си го осетиме. Јас осетив како да имам неправилна работа. Како прескоци, аритмија. Идам кај таа матична кажувам што мака имам барам упат за на интернист (кој го има во склоп со клиниката каде работи матичнава). Гледам во упатаот пишала dg. Anxio depresii (facepalm) ми идеше да појдам да ја акнам од биро. И имам слушнато дека на многу пациенти кои биле таму за некој здравствен проблем таа место да направи испитувања да ги исклучи можните болести таа се базира на психолошка реакција. Последно кога бев чекам една жена имаше проблем со дишење. Јас очекував да добие упат за на пулмолог,може астма е таа излага со упат за на психијатар. (facepalm) јас се спасив, најдов друг матичен лекар ама тие кои не се свесни и се цврсто потпрени на лекарите искрено ми е жал за нив.
    Вистина дека стресот зазема голем замав со лоши последици ама при дијагнози прво се испитуваат и елиминираат постоечки болести па после се пристапува кон совет за психолог/психијатар
     
  3. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.058
    Допаѓања:
    37.994
    Пол:
    Женски
    Јас со години акав по actual дијагноза. И матичните си ебале мајката, првата матична ми викаше Пиј си чајчиња за смирување. Ок.
    Ја сменив, и си ги најдов дијагнозите уствари шо имаат влијание на анксиозноста.
    Јас не викам дека немав анкс, мада и самата матична ми ствараше анксиозност, ама бев цврсто убедена дека нема шанси сите симптоми да ми се од тоа.

    Со малку соодветна терапија се стана подобро у рок од месец дена.
     
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.663
    Допаѓања:
    134.865
    Пол:
    Женски
    Ради вакви тие што имаат исклучено физички причини не можат да дојдат на ред да си се искажат во темата. И божем ние овде сме јасновидци, па одма ќе погодиме дали е анксиозност или друго. Попрво ќе умрат него ли да одат да се проверат од глава до пети. |(
    А, бе, стоп малце. Седни и вклучи го мозокот.
    Елиминирај постепено.
    Отклучи го телефонот и види во апликацијата дали си во ПМС. Сети се дали претходните два дена си имала стресна ситуација или не. Да не ти е гушењето ради физичка причина. Не одма анксиозност и готово.
     
  5. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.809
    Допаѓања:
    14.295
    Единствениот момент кога изборот ми беше одземен е кога ме крстиле. За сè друго, нема компромис.
     
  6. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.841
    Допаѓања:
    182.838
    Пол:
    Женски
    Јас вервам дека многу и немат добар доктор покрај себе и му верват на тој кој само сака да пиши "анксиозност". Јас со анксиозност инаку од дете, ми ја препишаа како "стрес, аман вие децата сите вакви" и "абе до водата да не ти е ахахах" и како резултат на долго не третирана анкс добив физички симптоми и тогаш пак не ме пуштија да проверам ништо туку ми дадоја апчиња (поз Улкодин, некогаш се думам колку канцероген бил шо го повлекоја :D ) за покасно да испадни дека ya girl има гастрит. Сакам да кажам, ако ете мајка ми, оти јас дете бев, беше свесна за некои работи и одевме кај друг доктор - ќе имав поинаков живот. Не оставајте матичен да ви речи само стрес, анксиозност или популарното "ништо не ти е". Ако имаш конзистентен проблем без разрешување - до секој специјалист оди. Ако имате приватно осигурање, а многу луѓе од работа имат - максимално користете го. Уника не ми е жал колку пати ја имам "оштетено" за здравјето мое. И операции и прегледи ми покривала. Приватно осигурање ми е најдобра инвестиција. Сега веќе со раков и посериозно ме земат, па детално се ме прегледват ама во животот помирна не сум била знаејќи дека се ми е прегледано детално и не можам да опишам колку чувството е незаменливо.

    Јас во тема анксиозност, како анксиозна особа не можам да пишам оти ме вознемирва. Ама ете можам да разберам дека не е до луѓето, зошто некогаш е и до докторот. Ама ако сте свесни дека уште имате проблем - одете и на второ, трето, четврто мислење.

    И покрај то да проверваш зошто нешто боли, психотерапија е секогаш добредојдена. Не мора да е последна станица, психотерапија треба да е и кога не си во многу лош период. Грижа е за менталното здравје, за актуелни проблеми, ама и за разрешвање на нешто поминато. Не си "посилен" ако одиш на терапија од ко ќе не можиш да се справиш сам, ни пак си "послаб" ако одиш одма. Менталното здравје е дел од здравјето. И ако не се грижиме и за него си повлеква и други проблеми.