А кога биле нашите предци во пештера, кој бил задолжен да оди на лов за да обезбеди храна и дрва за огрев за жените дома што се грижеле за децата...
Сурогат мајчинството се додека се прави од алтруистички побуди, е добро и хумантирано. Има жени кои се осеќаат здрави и способни да го износат плодот на пар кој за жал не можи да има деца по природен пат. Никој не ги тера на сила тоа да го прават, едноставно сами имаат желба да помогнат на луѓе кои се желни за свое дете. И се скроз океј со тоа после раѓањето да не го видат никогаш повеќе детето, затоа што детето си има по дифолт вистински родители. Е сега, има жени кои си наплаќаат за таа “услуга”. Според мене и ова е океј, се додека се работи за взаемна согласност меѓу двете страни. Не би да коментирам за експлоатација на жени кои се присилени да го прават ова. Многу нормално е да бидиме против се’ што е наметнато на сила, без притоа да има жената право на глас. Се’ освен ова, го сметам на благодарен чин за луѓе кои сакаат да се остварат во улогата на родители.
Па носењето дрва и дивеч не те прави лидер. И жената можела да лови и да носи дрва. Исто како шо не те прави лидер и само одењето на работа и давањето пари дома. Незнам јас вие како си го сфаќате лидерот? Само да седи на фотељја и да командува?
Тогаш пак на некој начин им биле поделени обврските. Денес работат и мажот и жената. Еквивалент на тоа тогаш би било и мажите и жените да одат во лов, ама ко ќе се вратат дома од жените се очекува да се грижат за децата и пештерата, мажот изморен ќе си седни да чека на готово. Баш во овие "традиционални семејства", што патем ги има уште многу денес, е така. И не, не сакам таков "столб" дома, сакам маж со кој ќе ни се поделени сите обврски. А не јас да работам по дома сѐ, тој да ми "помага" ако сака. Hard pill to swallow исто така е дека многу наши мајки и баби останале во брак само ради тоа што и немале друг избор, немале свои финансии и независност, не дека секогаш било голема љубов и разбирачка во прашање. А за греота се тие што сами не можат да се грижат за себе, основни работи да не можат да прават низ домот, без разлика дали е маж или жена.
Едина причина поради која дотичната зема сурогат е оти за прв пат е слаба у животот со Оземпик, па не и се рискира пак да се здебели.
И тие жени што се "согласни" уствари не се. А и ете поставив неколку прашања кои мислам дека за многу идни родители би биле незгодни. Поради тоа комерцијално сурогатство, кога се задеси короната, куп бебиња останаа по домови оти родителите не можеа да ги "подигнат". А можат да се остварат како родители и со посвојување. Ставање на своите желби пред туѓ живот е себичност.
Многу ми е интересно како можам да им го намирисам карактерот дури од преку екран. Дури и ако сите се вљубени во нив. Многу сум благодарна за овој подарок, ме има спасено безброј пати.
А зошто не се смените со сопругот? Ти да одиш 8-9 саати на бауштелата(лупам) а тој да седи дома и да се грижи за децата? Кој е во вашиот случај столбот во фамилијата? И дали твојата улога во фамилијата е безвредна? Тука не станува збор за командување. Јбг. не можат секогаш двајца истовремено да одат на лов.
Па кој и да оди на работа, пак жената е столбот. Туку кажи ми, кој е столбот кога и двајцата одат на работа а? По твоја логика.
Не живееме од лов и во пештери. Не работат сите во градителство. И жените работат исклучително физички исцрпителни работи. Никој не е виновен за нечиј избор на работа. Не живеат сите во куќа и немаат дрва за цепење и фасади си праење. И мажот и жената се столбови, заедно "ја држат куќата исправено". Живеалиштето е заедничко, сите ги имаат истите потреби, исто прљаат, јадат, се бањаат, чиста облека им треба, итн. Никој не е должен сам сè да праи во секојдневието и истовремено, од љубов и грижа кон најсаканите треба да праиш сè за нив, без разлика дали си маж или жена. Или си способен или не си. Или знаеш да напраиш нешто или не знаеш. Или сакаш да направиш нешто или не сакаш.
Осудата од „селотo“. Кај нас сè уште е поважно „што ќе кажат луѓето“ отколку како се чувствува жената. Ако жената не се омажи: „Нешто не е во ред со неа.“ Ако се разведе: „Не издржа, не се жртвуваше доволно.“ Ако нема деца: „Себична е, си гледа за кариера.“ Овој социјален притисок е како невидлив затвор кој ги принудува жените да останат во лоши бракови само за да го зачуваат „образот“ на семејството.
Бабини деветини, сам бираш дали ќе имаш вакви затуцани мислења или ќе немаш. Просто излези од селото (не ти, општо.)
Не велам дека и жената не е столбот, но не е на ист начин како мажот. Двајцата имаат различни улоги кои една со друга се надополнуваат. Еве сега и јас работам и заработувам исто како него, но утре да родам уште едно дете мојата плата ќе падне на 60% за мин една цела година. Барем додека да наполни детето три години јас нема да можам да се вратам на нивото на кое сум денес. Ако тој не е стабилен и постојан во неговата улога на маж во фамилијата и очекува цело време да бидеме 50-50 (па и по цена да ги дели домашните обврски со мене, уште само да најдеа феминистките начин како мажите можат да дојат, бидејќи претходно најдоа начин како жените да мочат стоејќи) како ќе преживееме?
Тоа е така затоа што општеството налага така (во ралични држави, различни се условите), што е до мене тие на породилно треба дупла плата да земаат (платена од државата/општеството). Пак значи ние жените трпиме неправда, а не дека така треба да биде. Исто така, додека си на породилно, мажот не заработува повеќе, значи не му се менува никако улогата.
Ама зошто ние жените да трпиме неправда? Зошто во 99% од случаевите жените се тие што мора да земаат породилно? Зарем не сме исти во сите улоги? Зошто да не ги поделиме 50-50 со мажот?