А кога биле нашите предци во пештера, кој бил задолжен да оди на лов за да обезбеди храна и дрва за огрев за жените дома што се грижеле за децата...
Сурогат мајчинството се додека се прави од алтруистички побуди, е добро и хумантирано. Има жени кои се осеќаат здрави и способни да го износат плодот на пар кој за жал не можи да има деца по природен пат. Никој не ги тера на сила тоа да го прават, едноставно сами имаат желба да помогнат на луѓе кои се желни за свое дете. И се скроз океј со тоа после раѓањето да не го видат никогаш повеќе детето, затоа што детето си има по дифолт вистински родители. Е сега, има жени кои си наплаќаат за таа “услуга”. Според мене и ова е океј, се додека се работи за взаемна согласност меѓу двете страни. Не би да коментирам за експлоатација на жени кои се присилени да го прават ова. Многу нормално е да бидиме против се’ што е наметнато на сила, без притоа да има жената право на глас. Се’ освен ова, го сметам на благодарен чин за луѓе кои сакаат да се остварат во улогата на родители.
Па носењето дрва и дивеч не те прави лидер. И жената можела да лови и да носи дрва. Исто како шо не те прави лидер и само одењето на работа и давањето пари дома. Незнам јас вие како си го сфаќате лидерот? Само да седи на фотељја и да командува?
Тогаш пак на некој начин им биле поделени обврските. Денес работат и мажот и жената. Еквивалент на тоа тогаш би било и мажите и жените да одат во лов, ама ко ќе се вратат дома од жените се очекува да се грижат за децата и пештерата, мажот изморен ќе си седни да чека на готово. Баш во овие "традиционални семејства", што патем ги има уште многу денес, е така. И не, не сакам таков "столб" дома, сакам маж со кој ќе ни се поделени сите обврски. А не јас да работам по дома сѐ, тој да ми "помага" ако сака. Hard pill to swallow исто така е дека многу наши мајки и баби останале во брак само ради тоа што и немале друг избор, немале свои финансии и независност, не дека секогаш било голема љубов и разбирачка во прашање. А за греота се тие што сами не можат да се грижат за себе, основни работи да не можат да прават низ домот, без разлика дали е маж или жена.
Едина причина поради која дотичната зема сурогат е оти за прв пат е слаба у животот со Оземпик, па не и се рискира пак да се здебели.
И тие жени што се "согласни" уствари не се. А и ете поставив неколку прашања кои мислам дека за многу идни родители би биле незгодни. Поради тоа комерцијално сурогатство, кога се задеси короната, куп бебиња останаа по домови оти родителите не можеа да ги "подигнат". А можат да се остварат како родители и со посвојување. Ставање на своите желби пред туѓ живот е себичност.
Многу ми е интересно како можам да им го намирисам карактерот дури од преку екран. Дури и ако сите се вљубени во нив. Многу сум благодарна за овој подарок, ме има спасено безброј пати.