Ја замразив зимата!!!!!!!!!! Депресивна е, нека заминува, нека дојде пролет и лето , првпат чекам да дојде лето и 40 степени. Па само ако се пожалам Се' е полесно, повесело, понадежно. Ова ме утепа, ми се гади и повраќа надвор коа ќе погледнам, ми влијае страшно психофизички, времево ме умре најозбилно
Тој е Валентин. Овде е Валентајн. Или се работи за јазична трансформација или е нешто модифицирано. Баш ме интересира од каде и како
Мислам дека насилството од страна на родители (и потесна фамилија) не се сфаќа доволно сериозно од проста причина што врската родител - дете се исклучиво како зависност, емотивна и финансиска. Therefore за син/ќерка што не се осмелува да си оди од дома така набрзина се гледа како незрел и некој кој само не знае да застане на свои нозе, а не некој што е во реална опасност. Луѓе забораваат дека тој родител е возрасен човек што ако сака, може да повреди некого, вербално или физички, меѓу кои и свое дете. И ова уште потешко се сфаќа кога насилството е од мајка, оти пффф, жена ли може да биде насилна. Да, можда во најголем број се работи за само "куче што лае, не каса" али зошто ни се верува дека некој може да повреди, уништи и дури и убие партнер, ама не и свое дете? Може тој родител да те уценува со врски по институции за да те уништи, да те пријави лажно дека ти си насилен, да те уценува за твои приватни информации, да пробува да дојде до твоето работно место и твоите претпоставени, да контактира твои блиски луѓе и да пробува да создаде лоша слика, дури да шири и лаги, да ангажира луѓе да ти се закануваат тебе, све со една цел - да ја искористи секоја можна прилика ти да избегаш ментално од затворот од кој веќе си избегал физички. И многу полоши гнасотии кои не би ги спомнувала ама листата може да оди до бескрај. И пред да каже некој дека ова се само празни закани, за жал знаеме во државичево наше дека цутат врски, некој што ги има и сака да ги искористи на најлош можен начин, ќе го направи тоа, било против партнер или свое дете. А овие добрите ќе го јадат на крај. Институции не се замараат баш од истата причина. Затоа полека малку со осудите и клише советите "замини си од таму". За жал постојат далеку поопасни луѓе од оние кои само лаат. Некогаш е потребна прво правна и психолошка помош за некој безбедно да замине од таму.