Ја замразив зимата!!!!!!!!!! Депресивна е, нека заминува, нека дојде пролет и лето , првпат чекам да дојде лето и 40 степени. Па само ако се пожалам Се' е полесно, повесело, понадежно. Ова ме утепа, ми се гади и повраќа надвор коа ќе погледнам, ми влијае страшно психофизички, времево ме умре најозбилно
Тој е Валентин. Овде е Валентајн. Или се работи за јазична трансформација или е нешто модифицирано. Баш ме интересира од каде и како
Мислам дека насилството од страна на родители (и потесна фамилија) не се сфаќа доволно сериозно од проста причина што врската родител - дете се исклучиво како зависност, емотивна и финансиска. Therefore за син/ќерка што не се осмелува да си оди од дома така набрзина се гледа како незрел и некој кој само не знае да застане на свои нозе, а не некој што е во реална опасност. Луѓе забораваат дека тој родител е возрасен човек што ако сака, може да повреди некого, вербално или физички, меѓу кои и свое дете. И ова уште потешко се сфаќа кога насилството е од мајка, оти пффф, жена ли може да биде насилна. Да, можда во најголем број се работи за само "куче што лае, не каса" али зошто ни се верува дека некој може да повреди, уништи и дури и убие партнер, ама не и свое дете? Може тој родител да те уценува со врски по институции за да те уништи, да те пријави лажно дека ти си насилен, да те уценува за твои приватни информации, да пробува да дојде до твоето работно место и твоите претпоставени, да контактира твои блиски луѓе и да пробува да создаде лоша слика, дури да шири и лаги, да ангажира луѓе да ти се закануваат тебе, све со една цел - да ја искористи секоја можна прилика ти да избегаш ментално од затворот од кој веќе си избегал физички. И многу полоши гнасотии кои не би ги спомнувала ама листата може да оди до бескрај. И пред да каже некој дека ова се само празни закани, за жал знаеме во државичево наше дека цутат врски, некој што ги има и сака да ги искористи на најлош можен начин, ќе го направи тоа, било против партнер или свое дете. А овие добрите ќе го јадат на крај. Институции не се замараат баш од истата причина. Затоа полека малку со осудите и клише советите "замини си од таму". За жал постојат далеку поопасни луѓе од оние кои само лаат. Некогаш е потребна прво правна и психолошка помош за некој безбедно да замине од таму.
Земјотресот се деси пошто решив да си легнам у 10, овие неколку денови заспивам како останатиот нормален свет, у 11 сум веќе кома. Кога здрма бев у полусон, се расонив у секунда, па гуглав дали Велес е трусно подрачје, кога последно се десил голем земјотрес во регионов (пред 50 години), па земав полнев шише вода и оризови галети ставив до кревет, за да имам што да грицкам у случај да се сруши зградава и да ме бараат со денови, мада СРМ е ова, нема ни да ме најдат. Па телефонот го полнев пошто ми беше исклучен, чекав да се наполни, за да имам за ѕвонење у случај да сум под урнатини и на крај заспав у 2 од стрес.
Ми излезе рил на Инстаграм како во некој британски супермаркет ставале црвени корпи за пазарење за сингл луѓе, за да можат да си најдат некој за Валентајн. Им праќам во групниот чат и велам зошто нема кај нас вакво нешто да измислат, замислете одите во Веро или Кам на пазарење со "јас сум сингл" корпа. Заклучивме дека кај нас попрво ќе го сфатат тоа ко партиска поделеност, ако има на пример црвени и сини корпи, плус колку што разбираат луѓево ќе видиш рандом пензионери со такви корпи пошто не се замараат.
Сдк додека цела Македонија зборува за земјотресот, ние, во градов на две води, имаме нечиста вода, која не смее да се користи ни за пиење ни за вршење основни хигиенски потреби. И нема информации до кога ќе трае забраната и кога и како ќе ја исчистат. Бангладеш шо?
Се пронајдов во "I am not a social butterfly. I’m the antisocial bat waiting in a dark corner to get back to my books."
порано ако ви текнува имаше слично нешто низ диската. Алка “слободен”, алка “зафатен”, алка “it’s complicated “. Хахаха знам така распознававме кој е во врска а кој не. It’s complicated беше тренд од фб кога искочи
Можеш да бидеш љубезен кон животните, љубезен кон доставувачот на весници, љубезен кон секој странец што ќе ти се најде на патот… но љубезноста кон странци НЕ е мерка за нашиот карактер. Љубезноста дома е ВИСТИНСКИОТ тест. Затоа што странците не ја носат нашата историја и не ги активираат нашите рани. И странците не ни ги огледуваат деловите од нас што сме ги избегнувале со години… Тоа го прави нашиот сопружник, нашите деца, нашиот дом. Ако целата твоја љубезност е резервирана за странци, тоа НЕ е љубезност, тоа е штитење на имиџот. Вистинската мерка за тоа кои сме не е учтивата насмевка што му ја даваме на продавачот во маркет, туку тонот што го користиме со партнерот кој нè сака. Трпението што го покажуваме кога нашите деца се преоптоварени. Мекоста што ја избираме во деновите кога нашето его сака да „пукне“. Браковите не се распаѓаат од едно големо предавство, тие полека еродираат од секојдневно занемарување, од лежерно непочитување. Од бавното истекување на секојдневна нељубезност и рамнодушност. — Д-р Џон Готман Докторот погоди во сржта.
Разговорот со саканата личност и музиката се лек, одма ми стана подобро А тоа смеењето па, е сеа сфатив колку само значело здравје И да ти попуштат нервите оххх само колку било прејако Сакам почесто да ми се дешава.
Почна да ме фаќа срам кога ќе отидам на некој роденден и ќе дојде делот до тортата , не се занесувам, ниту глумам нешто , јас воопшто немам желба за благо од како знам за себе , среќа овој пат братучедка седеше до мене па видов не видов го заменив тањирот , во ред е да ти даде некој торта за роденден да ти исече парче , ама зошто мора да се гледа дали си ја изел ...
Пуштајте ги кучињата слободно по места кај што луѓе возат точаци или трчаат или уште побетер - во близина на улица без поводник. Па кога ќе се најде кутрото под тркало или некој ќе го клоцне дур трча, идете плачете и лигавете се по социјални мрежи и Цацко ќе ви е крив. Да земе човек да ве тресе сосе гаќи од казни више за памет да ви дојде. Земал го вика кучето од 100 метра, ова едвај 20 сантима високо и трча ли трча упорно пред луѓе, точаци, мислиш задњи ден му е на земјава.
Сдк кој кур им е на оние што лажат дека грчки јогурт со бискоф бисквити е добар десерт? Спајтфл особи кои се заебале и сега сакаат и другите да се потрошат и заебат.