До толку им веруваа тука на докторите што по четири дози примаа и извакцинираа и 14 годишни деца (на една колешка, 14 годишниот син се срушил за време на ручек и ете ги сега лечат последици од тежок срцев удар). До кога ќе живеете со розевите очила на очите па посебно вие докторите. Не сакате да признаете дека згрешивте па сега ќе препишувате на случајноста. Такво масовно паѓање на спортистите на сред терен од удари немало никогаш досега како после 2021. Иначе познавам многу што се каат што ја примиле таа вакцина а ниту еден да се кае што ја нема примено. Ете не оди подалеку отвори на youtube видеа за Impfschaden ќе видиш само во Германија што се случува. Ама сега никој не е крив и должен да превземе одговорност.
Не знам чива препорака беше, но некој од форумов ми ги разубаве вечерните моменти. Почнав да го гледам shameless, одамна се немам заразено вака со некоја серија ми фалеше ова
Мора да има дијагноза детево или кажаа дека е од последица од вакцината ? И распрашај се само колку луѓе во Македонија останаа без членови од фамилијата оти немаше доволно респиратори, колку се молеа за кревет плус во клиничките центри. Колега 88 година роден, анестезиолог не е веќе меѓу нас. Спортист без никакви заболувања не го преживеа првиот бран на корона кога немаше вакцини. И не е единствен. На другарка мајка и се шета со боца кислород по дома после прележан ковид. Едвај остана жива. Мислете што сакајте мене гајле ми е ама да се вреѓа медицинскиот персонал што се вакцинирал оти не може да размислува ми е бесрамно. Во следната пандемија се надевам ќе воведат некоја обврска и обичните луѓе да ги вклучат. Зошто само медицинските лица да се ставаат во ризик. Ете менувај пелени, храни пациенти,давај вода не мора да се вакцинираш против ништо. Се прашувам само дали тогаш вака ќе пишуваш.
Кој тоа има право да ја воведе таа обврска? Кој има право да одлучува какво медицинско средство "обичниот" народ мора да прими? Па посебно ако се работи за недокажано медицинско средство кое е во експериментална фаза. Политичарите? Ти како медицинско лице си слушнала за Unantastbarkeit der Menschenwürde? Ако не, слободно прашај го google, gemini ili chatgpt. Тоа е со закон регулирано и загарантирано во Германија, поради тоа и не успејаа да ја донесат толку најавуваната и од политичарите посакувана Impfpflicht. Посебно по сè што излезе на површина во последниве месеци, уште верувате дека системот во кој живееме работи во полза на обичнот човек? Следиш во Македонија што се случува со случајот онкологија? Словенските вештаци докажуваат дека луѓето биле убивани со непотребна и погрешна терапија. Па криви ви се обичните луѓе што сè повеќе губат доверба во таа "школска" медицина која се повеќе го става профитот пред здравјето на луѓето. Па и тие да имале моќ и право да донесуваат обврски. Ај да бидеме реални, колку родители доброволно би ги вакцинирале децата со ММР а да не се уценети и присилени? Ако нешто е толку добро, зошто не успееш да ги убедиш луѓето па мора се да служиш со уцени?
Грешка ме разбра. Се надевам дека ќе ги вклучат во негата на пациентите, а вакцините мислам треба да се право на избор. Пр. Одиш кај болните сестрата си става терапија, лекарот си прегледува, а ти го раниш пациентот кој има во случајов Ковид. Еднаш во месецот добиваш 1 пациент на 1 ден. Не мора да си вакцинирана, не мора да носиш маска ама да имаш обврска да го нахраниш пациентот. И после си одиш кај фамилијата. Тогаш пишувај што сакаш. Обично игнорирам вакви мислења ама сликата што ја објави е навреда за медицинскиот персонал. И стварно се надевам дека прашуваш доктор дали е вакциниран и ако не одиш кај друг оти инаку си контрадикторна самата на себеси. За другото не коментирам. Не оти немам што да кажам ама за други теми е.
Кога ќе умреш, тогаш одеднаш сите те сакаат, а што му вреди тоа на починатиот, кога, додека бил жив, го оговарале, го отфрлале, не го сфаќале сериозно, не му пружиле љубов и поддршка? Понекогаш, луѓето предоцна сфаќаат.
Грешка, луѓето никогаш не сфаќаат, и кога ќе умреш пак не те сакаат туку само лице праат за пред другите.
Па и кога ќе умреш неколку дена као ќе глумат емпатија и ќе те заборават. Затоа нека не ви е битно туѓото мислење. Никој толку не се замара со вас колку што мислите.
Многу се нервирам кога некој не знае да те сослуша до крај. Мора на секој втор збор да те сече, да те прекинува. Дали вака прават затоа што мислат дека се препаметни или од глупоќа, стварно не знам.