Дека ми требаа милијарда години да сфатам што ми е убаво што не ми е и да не мора да му се објаснувам на никого зашто и како. Убав период, убав!
Многу ми е чудно кај Американциве ако згрешиш збор у спелинг, небитно дали усно или писмено, уопште не уклучуваат мозок да скапираат кај е грешката или да поврзат од контекстот што сакаш да кажеш воопшто не се трудат да скапираат ми искочи видео еден ytuber оди по маркети и намерно погрешно изговара зборови и никој од америве не сака да скапира најлесно им е да кажат i dont understand ive never heard that word.
Не можам ич у место да стојам коа чекам нешо... 2 секунди не можам Нонстоп наваму натаму, зошто вака? Се посматрам, абе 2 сек буквално не е можно да стојам. Кузнае луѓето што викаат коа ме гледаат..
Уште вчера почна, но без разлика, Среќна сезона my fellow рипчиња Да си останеме какви што сме, најдобри, посебни и силни како водата.
Бебе Исусе и сите светци со ред... Сериски убиец наводно си харал по Куманово со години. Крадел и малтретирал, мештаните пријавувале, ама “полицијата не можела да стори ништо“ пошто бил ментално болен. А, и штитен од некого. И стигнавме до тоа да претепува и убива постари жени... што можеби и не е од сега, само сега го откриваат. И стигнавме до тоа да им текне сега да поврзат 2 и 2, па да откопуваат млада жена години после убиство пошто тогаш семејството немало пари за обдукција. И сакате да кажете дека силувана и задавена млада личност од 30 и нешто (не ме земајте за збор), била туку-така закопана без истрага? Ништо не ми е јасно, а не знам ни колку сакам да ми се разјасни. Колку уште нелечени и заштитени „лицето Т.Б.“ ни шетаат во комшии? Ќе дочекаме ли време кога ќе има соодветни решенија и институции за ментално болните пред да дојде до најлоши сценарија? Многу е тешко да останам позитивна со волку грди вести на куп.
Вчера ич не ми беше денот. Двапати газов ми бакна тло на тренинг, а вообичаено ретко паѓам. Затоа денес растурив, иако морав малку да го скратам временски, ама во тоа кратко време се препородив.