Како исто да сме живееле ,само не знам кај тебе ама јас и булинг на училиште имав ради тоа смрдиш кај мене на манџи беше... Со искинати патики поклонети од некој ,после зошто имам страв од сиромаштијата.. зошто осудувам луѓе без финансиски можности што раѓаат без да можат да издржат дете. .. од трауми. Па немој некоја другарка да завртам Поважна ти е Стојна од мене,оди кај мајка Весна (мајката на другаркава) да и се исповедиш а всушност и кажуваш нешто како на мајка и го знае цело село и пола град... да мајките на другарките поубаво ме советувале во животот Извини Ајде на сила да се простува ами ко ќе се фатат ,,Помлади на постари требало " а уствари тој постар душа ти вадел цела година ,ма мрш! Е ова никако не го сфаќам.. во кој момент доаѓаш до ова ај.... Па после некои работи има луѓе кои не можам ни да ги гледам ни да ги слушам... Не посакувам да цркнат ама да бидат шо подалеку од мене апсолутно да. И на крај ,не не може цела година јади некој, денес барај прошка и од утре по старо. Или уште полошо очекувај да бара прошка
Простувањето не значи дека пак ќе бидеме блиски и дека ќе дозволиме да ни наштетат. Простуваш, расчистуваш и пријатно. Не сум злопамтило, што не значи дека од меморија ќе ми се избришат некои работи. Остануваат некаде во мозокот складирани како нешто доживеано, само одбирам да не мислам на нив и да немам намера ни потреба да возвратам или нешто лошо да им посакам. Само си продолжувам со животот свој како да не ни било ништо.
Значи навистина се претерува со дијалектен говор во медиумите! Недозволиво е да се прават толку лоши правописни и правоговорни отстапувања, кога во прашање се национални медиуми(телевизии, весници и сл.)! Пр. На Слободен Печат, само што прочитав еден наслов: “ИДЕ пролет - се врати првиот штрк во гевгелискито село Богородица.” Мал милион вакви примери има, на секојдневно ниво.
Биди среќен и за тоа, на наше би било " иде пролет- са врна првиут штрк уф гивгилијското село Бугоројца "
Види, многу почитувам дијалектен говор општо, но не му е местото во национален медиум, од страна на новинари, спикери и водители. Кога ќе ми текне на што се сведовме, споредбено со пред 15-20г… Ужас!
Прашање што ме мачи, што е тоа што го има во Приштина мол а го нема во моловите во Скопје па да се издигаш од Свирипичино на (зјај)пазар во Косово . Исто, што има во Лидл во Врање а нема во маркетите и пазарите кај нас па да одиш преку граница за едно обично пазарење. Ми излезе едно видео, дури и Србите ни се смеат за опсадата на Лидл во Врање. Па ние сме дијагноза од народ.
Спесифично за Лидл, мислам дека е интересно само бидејќи го немаме овде и не секој ден идеш таму па ново е и 'необично' иако е само обичен маркет хаха. Мислам дека моментот кога ќе отвори Лидл кај нас нема да го гледаме со толкаво восхитување. Слично со FlyingTiger, јас лично секој пат одење во странство морав да посетам FlyingTiger иако е горе долу исто со Bazaro и Jumbo и еве сеа коа го донесоа.. пак ми е забавно да влезам чат пат ама не е тоа тоа
Кога ќе отидеш во Приштина мол, се враќаш баш зјајпазар, оти цените се до плафон. За разлика од другите дуќани низ Косово каде има поевтина роба, и кога ќе отидеш на каса оооп 100 евра
Позитива на денот (но истовремено и прилично изненадувачки) ми беа дечињата на Прочка во Прилеп што нѐ застануваа со другарот за да се сликаат со нас бидејќи им беа интересни маските/карактерите кои бевме. Се осетив како славна личност. Го обожавам празников бидејќи можам да сум сѐ што сакам на еден ден.
Менувам Лидл за домашни зеленчук и овошје од било кое пазарче во Македонија. Не знаеме да си ги цениме домашните прозводи па после сакаме економијата да ни ја бива.
Ако не друго, барем ќе се вратиш со слики да објавиш на фејсбук дека си бил на шопинг во Приштина мол.
..на сите сум им простила, на тие што треба и не треба. А и имам сфатено дека секоја една личност свесно ќе ја усере и така. Зашто да се секирам? За несвесното муабет не правам, збор за тоа нема. Се случува секому. Ама да си ставам товар на душа за свесни грешења, па да му се секирам - не. Кој како знае, умее, милува нек си тера. Подалеку само од мојот пат.
Има некои грешки кои не можат да се простат. Има некои рани кои се премногу длабоки за да поминат само со еден збор на денешниов ден.. Најважно е да си простиме самите на себе, за секој пат кога сме дозволиле да нѐ повредат.