Како исто да сме живееле ,само не знам кај тебе ама јас и булинг на училиште имав ради тоа смрдиш кај мене на манџи беше... Со искинати патики поклонети од некој ,после зошто имам страв од сиромаштијата.. зошто осудувам луѓе без финансиски можности што раѓаат без да можат да издржат дете. .. од трауми. Па немој некоја другарка да завртам Поважна ти е Стојна од мене,оди кај мајка Весна (мајката на другаркава) да и се исповедиш а всушност и кажуваш нешто како на мајка и го знае цело село и пола град... да мајките на другарките поубаво ме советувале во животот Извини Ајде на сила да се простува ами ко ќе се фатат ,,Помлади на постари требало " а уствари тој постар душа ти вадел цела година ,ма мрш! Е ова никако не го сфаќам.. во кој момент доаѓаш до ова ај.... Па после некои работи има луѓе кои не можам ни да ги гледам ни да ги слушам... Не посакувам да цркнат ама да бидат шо подалеку од мене апсолутно да. И на крај ,не не може цела година јади некој, денес барај прошка и од утре по старо. Или уште полошо очекувај да бара прошка
Простувањето не значи дека пак ќе бидеме блиски и дека ќе дозволиме да ни наштетат. Простуваш, расчистуваш и пријатно. Не сум злопамтило, што не значи дека од меморија ќе ми се избришат некои работи. Остануваат некаде во мозокот складирани како нешто доживеано, само одбирам да не мислам на нив и да немам намера ни потреба да возвратам или нешто лошо да им посакам. Само си продолжувам со животот свој како да не ни било ништо.