Форумџика на годината

Сакам да кажам...

Discussion in 'Кафе-муабети' started by k.i.m, Jan 30, 2014.

  1. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Joined:
    May 9, 2011
    Messages:
    1,709
    Likes Received:
    6,393
    Да сум пробала посебно последниве години изразена е разликата помеѓу она што го има на нашиот пазар и таму. Порано можевме да се фалиме со вкусот и квалитетот по пазарите, но денес не. Во последниве години не најдов ниту сочен домат, ниту сочна праска. А да незборувам за јаболките кои повеќето беа замрзнати. Зборуваш за едно време кое одамна е завршено во Македонија.
     
  2. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    2,420
    Likes Received:
    17,329
    За среќа во мојот крај уште не е. :inlove:
     
  3. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Joined:
    Oct 15, 2025
    Messages:
    1,012
    Likes Received:
    4,069
    Gender:
    Female
    Збор немам за државава, толку корумпирана и никаква држава сме, и тој 1% што ми е во умот да се вратам наваму ми се намалува.

    Ќе започнам вака, Познаник, удира човек на улица, кажувам не на пешачки, на сред улица.
    Човекот пијан без да види мине низ улица, познаникот го удира со минимална брзина т.е дозволена брзина на возење. Човекот при лош пад умира на лице место. Познаникот оди во притвор, вештачењето покажува дека не е виновен, две години е во притвор, уште не е почнат процесот на судење. После ДВЕ ГОДИНИ, цитирам, го судат му дават казна иако се покажува дека познаникот не е виновен, го пуштаат на апелација, апелација ја зголемува казната, од суд се јавуваат неписмените вработени да ги 'советуваат' на родителите да не се трудат да терат на врховен пошто пак ќе биде вратено, родителите одат до крај.
    Во рок од две години, луѓето останаа без скршен денар, рекети плаќаат по судии, адвокати, пари во затворот да има 'поубава' нега познаникот. Парите се земени, ништо од тоа не излегува како што треба.

    Денес гледам на вести, Артен Груби, апсен на граница за ненормален криминал, пуштен во домашен притвор и се прашувам каде е правдата во оваа држава. Уште колку ќе треба да трпи обичниот народ кој не е на високо функционални родители.

    Зар тие што немаат врски и функции во државата не се луѓе?
     
  4. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Joined:
    May 21, 2013
    Messages:
    1,125
    Likes Received:
    8,377
    Gender:
    Female
    "Иде" е дел од стандардниот македонски јазик.
     
    Polyincognito likes this.