Да сум пробала посебно последниве години изразена е разликата помеѓу она што го има на нашиот пазар и таму. Порано можевме да се фалиме со вкусот и квалитетот по пазарите, но денес не. Во последниве години не најдов ниту сочен домат, ниту сочна праска. А да незборувам за јаболките кои повеќето беа замрзнати. Зборуваш за едно време кое одамна е завршено во Македонија.
Збор немам за државава, толку корумпирана и никаква држава сме, и тој 1% што ми е во умот да се вратам наваму ми се намалува. Ќе започнам вака, Познаник, удира човек на улица, кажувам не на пешачки, на сред улица. Човекот пијан без да види мине низ улица, познаникот го удира со минимална брзина т.е дозволена брзина на возење. Човекот при лош пад умира на лице место. Познаникот оди во притвор, вештачењето покажува дека не е виновен, две години е во притвор, уште не е почнат процесот на судење. После ДВЕ ГОДИНИ, цитирам, го судат му дават казна иако се покажува дека познаникот не е виновен, го пуштаат на апелација, апелација ја зголемува казната, од суд се јавуваат неписмените вработени да ги 'советуваат' на родителите да не се трудат да терат на врховен пошто пак ќе биде вратено, родителите одат до крај. Во рок од две години, луѓето останаа без скршен денар, рекети плаќаат по судии, адвокати, пари во затворот да има 'поубава' нега познаникот. Парите се земени, ништо од тоа не излегува како што треба. Денес гледам на вести, Артен Груби, апсен на граница за ненормален криминал, пуштен во домашен притвор и се прашувам каде е правдата во оваа држава. Уште колку ќе треба да трпи обичниот народ кој не е на високо функционални родители. Зар тие што немаат врски и функции во државата не се луѓе?
Колку ве пореметиле ова социјалниве мрежи Па заследил ова, заследил она, па драми, кавги, плачки.. Премногу би било за мене, не сакам да знам како е Ја кузнае колку години славам без Инстаграм, преку 6 се сигурно, кој патем не го користев за да се експонирам, а фб не сум имала мој личен воопшто.. Никад не планирам да им се вратам, нема ништо што пропуштам тамy. Ми ја цицаа енергијата, нема шо да ме занима кој шо праи у негов живот. За контакт и комуникација си има и други апликации. За информирање исто.
Најполитички коректно од моја страна: Mразам да работам за луѓе од исток!! Знаат да бидат доста напорни, те оценуваат полошо само затоа што очекуваат да добијат повеќе за многу малку, како на пример за 15 долари сакаат плус да им го издудлаш пошто им е скапо. Бакшиш? Лол, што е тоа. Порано работев проекти за Рамадан, од лани ги откачив пошто повеќе сум у загуба со време и нерви. Акбар 2 дена ме испрашуваше за услугата која ја нудам, откако нарача и му доставив, после сите ревизии, реши да го продолжи времето за оценка и финиширање за уште два дена, за да се консултирал дома околу проектот. ЗА 15 ДОЛАРИ!! Време е да продавам слики од моите стапала, без заебанција, далеку поисплатливо.
Ааа, ние од Велес имаме други битки со Штипјани околу храната, дали питата била со јајце или без, и која е вистинската пита пастрмајлија, тежок билатерално-гастрономски спор.
Да, Боем и Меаната на Даце. Не можам да направам компарација со прилепската пошто ја немам пробано, али мислам дека имате добра репутација за месо. Ама затоа со скопската имам искуство и дефинитивно - нашата е подобра. Спојлер: Скопската скара На времето, со една другарка од Тиквешијата, си земаме скара за по дома кај неа у Скопје. Она ми дава предлог да земеме по 10 ќебапи за секој, јас викам - лелеее, многу е тоа, пет ми се доста, по толку јадам. Кога ги видов ќебапиве, циууу, па и 15 денари беа тогаш (у Велес ќебапче тогаш беше 8 денари).А ние студенти, тежок шворц. Се разочарав, јас навикнат на велешки колбас, далеку поголеми. Требаше 10 (у себе си прошепотив со тага). Ич не се најадов, тоа беа пилешки прстенца. Вујна ми од ск кога доаѓаат, обавезно земаат месо од тука. А и сега брзо јадев скара, на гости бев, не и не, не ми е тој вкус. Ако чита градоначалникот, нека пушти нешто за оваа реклама и локал патриотизам, хехе.
Не е бабина деветина да веруваш дека постојат лоши енергии Да не се праиме превише просветлени, а АИ исто ко социјалните мрежи мамата ни ја еба, и ќе ни ја доеба у иднина.
Од АИ заборавивме како да го употребуваме мозокот, штета што денешниве генерации се под водство на АИ. Уште по застрашувачки е тоа што се употребува и во образованието, штета утре/задутре да одиш на лекар и да го прашува chatgpt/gemini за дијагноза.
Неписмена багра, битно они модерни биле, у чекор со времето, а тоа шо гзот не знаат да си го избришат е небитно. Аи ќе брише гз утре, задутре? Дај да им инсталираме роботче такво некое, да се олесни напорната работа на напатениве души. Сори за тие шо се гнасат али преку курац ми е доено.
Кај мене на работа го користевме на почеток за идеи, и беше супер, да не речам одлично. Ти му даваш две три насоки, тој бум, екплозија од идеи, чуда, шо ли не. Е пред некој ден ме акна шок.... Пошо се повлеков и работев на одреден проект јас и еден колега, и со остатокот од тимот не ни имавме некои сериозни состаноци... И сега, после неколку месеци, се пуштам на состанок, спремаме некои концепти за конференции, шо да ви кажам... Два, д в а, саати слушав шо кажал чат гпт. Ни к од креативно размислување. Среќа онлајн беше состанокот па со исклучена камера не ме гледаа како им превртував очи. Ова е веќе ужас, а возрасни луѓе, високообразовани, памени... Со сила глупи се правиме....