Него читам по Американа како било нормално кога ќе ти дојде другарче на детето твое на гости, на преспивање или да учат заедно, да го пратиш башка у друга соба додека вие ко фамилија ручате или ако нарачувате храна, најдиректно да му побараш да си го плати својот дел. Am I too Balkan for this?? Онака по твитер и форуми луѓе споделуваат такви искуства, и не само како деца, и ко возрасни на гости не биле третирани ко гости. Па у коментари читаш - ако ми дошол дома, не значи дека ми е обврска да го хранам. Bitch what? И нема врска ова со сиромаштија, сиромашен бар чинија ориз или макарони ќе ти даде и да нема друго. Не е обврска. Основна почит и култура е човек што ти дошол дома да го третираш ко член од фамилија додека ти е дома.
Јас сум читал дека во Скандинавија, кога имаш гостин, или другарче од училиште дома(не на преноќување), ручек/вечера не му се нуди. Јадат само домашните, него евентуално можи чај, кафе и колачи тоа е тоа. Реално, ова мене воопшто не ме чуди за тие земји и не ги осудувам оти си имаат посебен принцип на функционирање, шо доста се разликува пример од нашиот. Така да, не мислам дека тоа е својствено само за Америка, иако еве за таму прв пат слушам дека така правеле.
Нееее бре, у странство све си е перфектно Нема маана ниту една, само ние сме најгрдата, најсељачката, најникаквата шит од држава Спуштете се на земја, бидете реални, и бидете нормални, ако знаете уопште што е тоа
Што знам, да јадеш ПРЕД некого дома кај тебе е безобразно. Не мора да руча по дифолт, ама можеш да почекаш да си оди па да ручате нели?
И мене ми е чудно, не дека не, ама не сум од Скандинавија. Нив воопшто не им е чудно, безобразно и невообичаено, едноставно така се израснати и научени. Едноставно се работи за различни култури. Пак ќе речам, нудат кафе, сок, колачи и сл., ама ручек и вечера не, тоа само домашните.
Ми во Германија па? Те вика машкото на дејт и секој своето си го плаќа. И замисли после да очекува секс Море коа ќе му го извадам ценовникот -ух - 20 евра -ух ух - 30 евра - ОООООХ - 50 евра - малее колку ти е голееем - 100 евра Сите се различни. Кај нас тоа шо е нормално, кај нив не е, и обратно.
Роднина на мм живее во Шведска и вика вака, Одам во маркет со синот, тодлер, почнува да ми се лигави, го шлапнува еден шамар и после 2 дена социјално дома на врата се појавиле. Ај на советување за gentle parenting. После ќе ти вика мамо, тато ме родивте со патлак ама се осеќам како женско и ќе ви донесам зет, не снаа и обратно!
Омилен период од годината ми е кога ги ваѓам саксиите со цвеќиња на балкон. Ајде уште малку. А можеби и ќе купам нови.
Овде пити ќе им нарачаш, скари, салати, пиво, вино, ќе ти седат со саати и на крај пак пуздер ќе те направат зад грб, време е за скандинавски модел и овде - ај ве молам марш у соба додека јадам или дај 1000 денари за јадењево и пиењево.
Не можам да замислам да потражам пари какви себичњаци или бар стрпи се ако нејќеш да делиш јади покасно кога ќе си заминат гостите..
Не постојат совршени луѓе. Поради тоа не постојат и совршени држави. Само некои одбираат да го игнорираат ова додека не ги задеси нешто лично.
btw кога пишав зафрканции со документи мислев за престојот различно у секоја земја е али скандинавскиве, холандија они се покомплицирани за престој треба доста трпение да ги извадиш тие документи..
Не можам да ја сфатам фрустрацијата кон оние што имале муда да го соберат животот во еден куфер и да почнат од нула во туѓа држава, при туѓ јазик и култура. Што ви згрешиле толку па да плукате по нив еве не знам. Па и за плескавици да обраќаш во туѓина ти треба повеќе сила да се потпреш сам на своите крилја отколку на вас што не ви се мрда од комфорт зоната само затоа што во неа сте само поради тате и бате и сами не можете да се снајдете ниту во Македонија а камоли во странство. Ич не треба да се секирате за нас и за пропуштените родендени. Тоа што сега имам 11× од последната плата што сум ја земала во Македонија, (за дупло помалку работа), ваљда е доволно да можам да си обезбедам авионски карти на мене па и на моите родители ако треба за секој важен момент за кој сакам да бидам со нив. Иначе искрено, испуштањето на чал'мите и лицемерието од тие родендени, мекици и разно разни прослави од широк круг само позитивно ми влијаело на психата. Ете јас можам колку сакам да работам remote и со месеци да седам во Македонија, но ете не сакам. Повеќе ми вреди мирот и приватноста тука отколку родендените во Мк. Затоа, chill, седи си доле и свиркај си на родендени и остави ги другите да си го живеат живот како што решиле.
Све ок не гледам потреба ни двете страни да се навредуваат. Да платата е повисока но и стандардот и кириите се многу повисоки.
Па нема потреба да се споредуваат ниту да се навредуваат, ама има две-три членки кои само со таа тема се занимаваат и отворено плукаат по другата страна. Иначе, во Македонија не плаќав кирија ама не можев да си дозволам ни третина од тоа што можам сега. Всушност ништо не можев да си дозволам а работев 40 часа неделно и тоа не на некоја општа работа што може секој да ја работи. Не сакав да ја отворам темата ниту да се фалам, ама ете јас сум ги осетила и двете страни па затоа не може да ми мудрува некој што од државата излегол само за на екскурзија. И од оваа гледа точка, многу поголема почит имам спрема оние што обраќаат плескавици овде отколку за оние што веат партиски знамиња во Мк со надеж дека ќе добијат вработување на државно. А истите во меѓувреме земаат 100 ден за кафе од родителите ама битно, на сите родендени се со нив.
Во меѓувреме, истите тие што ги навредуваат тие што обраќаат плескавици во странство: Ама битни се родендените.