Него читам по Американа како било нормално кога ќе ти дојде другарче на детето твое на гости, на преспивање или да учат заедно, да го пратиш башка у друга соба додека вие ко фамилија ручате или ако нарачувате храна, најдиректно да му побараш да си го плати својот дел. Am I too Balkan for this?? Онака по твитер и форуми луѓе споделуваат такви искуства, и не само како деца, и ко возрасни на гости не биле третирани ко гости. Па у коментари читаш - ако ми дошол дома, не значи дека ми е обврска да го хранам. Bitch what? И нема врска ова со сиромаштија, сиромашен бар чинија ориз или макарони ќе ти даде и да нема друго. Не е обврска. Основна почит и култура е човек што ти дошол дома да го третираш ко член од фамилија додека ти е дома.
Јас сум читал дека во Скандинавија, кога имаш гостин, или другарче од училиште дома(не на преноќување), ручек/вечера не му се нуди. Јадат само домашните, него евентуално можи чај, кафе и колачи тоа е тоа. Реално, ова мене воопшто не ме чуди за тие земји и не ги осудувам оти си имаат посебен принцип на функционирање, шо доста се разликува пример од нашиот. Така да, не мислам дека тоа е својствено само за Америка, иако еве за таму прв пат слушам дека така правеле.
Нееее бре, у странство све си е перфектно Нема маана ниту една, само ние сме најгрдата, најсељачката, најникаквата шит од држава Спуштете се на земја, бидете реални, и бидете нормални, ако знаете уопште што е тоа
Што знам, да јадеш ПРЕД некого дома кај тебе е безобразно. Не мора да руча по дифолт, ама можеш да почекаш да си оди па да ручате нели?
И мене ми е чудно, не дека не, ама не сум од Скандинавија. Нив воопшто не им е чудно, безобразно и невообичаено, едноставно така се израснати и научени. Едноставно се работи за различни култури. Пак ќе речам, нудат кафе, сок, колачи и сл., ама ручек и вечера не, тоа само домашните.
Ми во Германија па? Те вика машкото на дејт и секој своето си го плаќа. И замисли после да очекува секс Море коа ќе му го извадам ценовникот -ух - 20 евра -ух ух - 30 евра - ОООООХ - 50 евра - малее колку ти е голееем - 100 евра Сите се различни. Кај нас тоа шо е нормално, кај нив не е, и обратно.
Роднина на мм живее во Шведска и вика вака, Одам во маркет со синот, тодлер, почнува да ми се лигави, го шлапнува еден шамар и после 2 дена социјално дома на врата се појавиле. Ај на советување за gentle parenting. После ќе ти вика мамо, тато ме родивте со патлак ама се осеќам како женско и ќе ви донесам зет, не снаа и обратно!