Ова е точно за оние кои имале нормални односи со блиските. Оние кои имале токсични родители или блиски, нарушени односи или скриени конфликти одењето во странство и исклучувањето од битни настани додека животот минува го сметаат за бенефит. Но точно е дека се пропушташ, а реприза нема. И да родендените и сите настани на кој човек се радува се битни во животот бидејки го исполнуваат.
Никој не рече дека се помалку вредни тие што вртат плескавици од било кого. Не ми ја сфати поентата. @Cosmi единствено, како и секогаш најмногу ме разбира, што сакам да кажам.
Па не знам, јас овде гледам лечење на фрустрации. Нека каже некој друг со која намера е кажано освен ако не во навредлив контекст, дека сите што се во странство според тебе обраќаат плескавици.
Еве ви нешто од Кербер... На четириесет години не почнуваш од нула затоа што сакаш или затоа што си инспириран, туку затоа што немаш друг избор освен да дишеш и да се влечеш низ калта додека не излезеш на цврсто. Кога ќе те стрефи развод, кога ќе погребаш најблиски, кога ќе останеш без работа и ќе се вратиш од странство со наведната глава и со тело што веќе не го препознаваш, не барај утеха во мотивациони говори бидејќи тие не плаќаат сметки и не лечат болка. Напред се тргнува на сила и со стиснати заби, така што ќе прифатиш дека стариот живот е мртов и дека овој новиот е грда борба за опстанок во која никој нема да те држи за рака. Како се почнува? Се почнува така што ќе престане да ти е гајле што мислат другите за твојот „неуспех“ и ќе сфатиш дека секој ден што си на нозе е твоја лична победа против сè што се обиде да те закопа. Против килажата и заморот не одиш со диети, туку со инает да не му дозволиш на стресот целосно да те уништи, а против празнината во џебот и во душата одиш со прифаќање на секаква работа и секаков чекор што ќе те извади од мртвата точка. Багажот што го носиш не е украс, туку тежок товар што те забавува, ама во исто време е единственото нешто што ти останало и што ти докажува дека си уште жив по сите удари. Нема магија и нема лесен пат, има само денес и имаш ти, со сите твои лузни и порази, решен дека ако веќе мора да се оди понатаму, ќе одиш по свои правила па макар тоа било и најтешкиот пат што некогаш си го одел.
Маче, ако не си Кербер, не разбирам што постојано го/ја влечкаш по темава безвезе. Темава е-Сакам да кажам. Не- Кербер сака да каже, Бетмен велит и остали туѓи фрустрации.
Мене ми чуваат торта замрзната од родендени од внуките кога се гледаме љубовта и смеата е таму. Кога зборам со брат ми, близината е стално таму. Другарките, една од најдобрите од детството ми е тука на докторски студии 4 години, со друга која е шведска, стално сме на чет/ видео или планираме гледање. На тој што не му се свиѓа надвор, патот му е отворен да се врати. Јас за ивкови слави не патам. За нормални топли релации, со тие што сум ги имала пак си ги имам. Секој нека си прави како му одговара, ама ко ке се почне со плескавиците и вецеата чистење, си викам, ох, ок, можда завист зборува или шта ја знам . Во суштина не ми е гајле кој зеленее, таму нека му е, ама мољам ти се, не ми кажувај ЈАС како се осеќам во странција. Јас не сум на печалба, и не плаќам кирија чак
Е ова ми е еден од оние обрасци на однесување кои не можам едноставно да ги припишам на ,,културни разлики’’ и да ги толерирам. Марш бре таму, дете ќе ми дојде на гости и нема да го понудам со тоа ние што јадеме … безобразлук, себичност, па еве ако сакате и нечовечност. Ама од толку што имаме културолошки комплекс на инфериорност спрема развиениве земји од западниов свет и тоа го прифаќаме за нормално. Еден пример во контекст на муабетов. Живеев одредено време во таква земја. Соседите нѐ поканија на забава за вселување во новата куќа. Секој си носи пијачка, храна немаше. Сопругот буквално доби dead stares од еден пар пошо по грешка се напи од нивното вино. Се осетив мизерно. Кажете што сакате за Македонијава, не ја идеализирам во никој случај, ама толку ми паѓа топло и убаво на душава кога рандом мајка или баба во парк ќе го понуди моето дете со што год да отвора за нејзиното (Плазма, смоки, па и цел пауч/шмукалче се случувало.) Веќе сегде е животот скап, не е тоа изговор за основен гест, особено, нагласувам ОСОБЕНО дете кога е во прашање.
Не сум под кирија, многу побрзо се доаѓа до живеалиште него во Македонија. Патем зависно колку заработуваш имаш помош од државата во однос на плаќањето кирија или рата за сопствено живеалиште. Додуша државата секако ти помага ако си купиш сопствено, без разлика на сумата која заработуваш. Во Македонија денар помош немав кога купував. Стандардот што? Кога одам во Мк ништо не купувам од продукти. Демек нели за поефтино, уствари кај мене се дупло поефтини на далеку поголема плата. Лекови од Косово и Врање се купуваат затоа што аптеките ве шурат. Облеки имаш за сечив џеб, дури има продавници кај што искрено се чудам како може да е толку ефтино. Единствено занаетчиска работа, да ти е страв мајстор да викнеш. Кога ќе размислам тука не ти дава државата да бидеш богат, ама не те остава ни под разно да бидеш сиромав.
Убаво му направиле. Не знам каков разум очекувате од мало човече со мозок во развој. Како се справувам јас со тодлеров, без ниту еднаш да го удрам, стварно е мистерија. Не е тешко, има и други техники на справување. И треба време за да научи, не е тоа куче па со крекери да го учиш трикови. А вие како идни мајки што го поддржувате ова, секоја чест. Не знам како воопшто ви доаѓа да шамарате такви мали очиња и рачиња, што и реално толку знаат.
Ова не е апсолутна вистина, ниту за скандинавските држави исто. Ја верувам дека се' е до тоа на каков човек ќе наидеш. За Америка конкретно, сум живеала кај/со американско семејство, нема врска. Сплет на околности, имало моменти кога ми требало да идам до тоалет кај непознати, или да си наполнам вода, не памтам некој да не ми дозволил. За Данска исто, луѓето се помили од многу други европски држави, достапни се и скоро со секој ќе се разбереш на англиски. Не знам каде и што читате, се обраќам на сите кои се надоврзаа и го прифатија ова како даденост за државите, не лично само кон тебе, ама државиве нема да се привлечни колку што се ако ова е баш вака. Сериозно.... без преовеличување, има и таму проблеми, али типов нон сенс причина за повеќето мислења последните 2 страни... е нон сенс.
Да нè снема луѓето, планетава со се животните ќе thrive-уваат, заеби религии, филозофии и психологии, толку е просто и едноставно. Самите ние сме ангели и демони, и планетава за некого е рај, за друг пекол, сè помеѓу се само приказки за заспивање.