Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.736
    Допаѓања:
    93.011
    Пол:
    Женски
    Ова е точно за оние кои имале нормални односи со блиските.
    Оние кои имале токсични родители или блиски, нарушени односи или скриени конфликти одењето во странство и исклучувањето од битни настани додека животот минува го сметаат за бенефит.
    Но точно е дека се пропушташ, а реприза нема.
    И да родендените и сите настани на кој човек се радува се битни во животот бидејки го исполнуваат.
     
    Последна измена: 28 февруари 2026
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    17.996
    Никој не рече дека се помалку вредни тие што вртат плескавици од било кого.

    Не ми ја сфати поентата.

    @Cosmi единствено, како и секогаш најмногу ме разбира, што сакам да кажам.
     
  3. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.457
    Допаѓања:
    17.617
    Па не знам, јас овде гледам лечење на фрустрации. Нека каже некој друг со која намера е кажано освен ако не во навредлив контекст, дека сите што се во странство според тебе обраќаат плескавици.
     
    На SummerGirl, ArabellaStarfall и Dentina им се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    17.996
    Еве ви нешто од Кербер...

    На четириесет години не почнуваш од нула затоа што сакаш или затоа што си инспириран, туку затоа што немаш друг избор освен да дишеш и да се влечеш низ калта додека не излезеш на цврсто. Кога ќе те стрефи развод, кога ќе погребаш најблиски, кога ќе останеш без работа и ќе се вратиш од странство со наведната глава и со тело што веќе не го препознаваш, не барај утеха во мотивациони говори бидејќи тие не плаќаат сметки и не лечат болка. Напред се тргнува на сила и со стиснати заби, така што ќе прифатиш дека стариот живот е мртов и дека овој новиот е грда борба за опстанок во која никој нема да те држи за рака. Како се почнува? Се почнува така што ќе престане да ти е гајле што мислат другите за твојот „неуспех“ и ќе сфатиш дека секој ден што си на нозе е твоја лична победа против сè што се обиде да те закопа. Против килажата и заморот не одиш со диети, туку со инает да не му дозволиш на стресот целосно да те уништи, а против празнината во џебот и во душата одиш со прифаќање на секаква работа и секаков чекор што ќе те извади од мртвата точка. Багажот што го носиш не е украс, туку тежок товар што те забавува, ама во исто време е единственото нешто што ти останало и што ти докажува дека си уште жив по сите удари. Нема магија и нема лесен пат, има само денес и имаш ти, со сите твои лузни и порази, решен дека ако веќе мора да се оди понатаму, ќе одиш по свои правила па макар тоа било и најтешкиот пат што некогаш си го одел.
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.089
    Допаѓања:
    203.748
    Маче, ако не си Кербер, не разбирам што постојано го/ја влечкаш по темава безвезе.
    Темава е-Сакам да кажам. Не- Кербер сака да каже, Бетмен велит и остали туѓи фрустрации.
     
    На CameliaMiller, MarigoldA, M&M и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.342
    Допаѓања:
    44.448
    Мене ми чуваат торта замрзната од родендени од внуките :D кога се гледаме љубовта и смеата е таму. Кога зборам со брат ми, близината е стално таму.
    Другарките, една од најдобрите од детството ми е тука на докторски студии 4 години, со друга која е шведска, стално сме на чет/ видео или планираме гледање.
    На тој што не му се свиѓа надвор, патот му е отворен да се врати.
    Јас за ивкови слави не патам. За нормални топли релации, со тие што сум ги имала пак си ги имам.
    Секој нека си прави како му одговара, ама ко ке се почне со плескавиците и вецеата чистење, си викам, ох, ок, можда завист зборува или шта ја знам
    . Во суштина не ми е гајле кој зеленее, таму нека му е, ама мољам ти се, не ми кажувај ЈАС како се осеќам во странција. Јас не сум на печалба, и не плаќам кирија чак :D
     
    На CameliaMiller, Medea., SummerGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.925
    Допаѓања:
    15.069
    Пол:
    Машки
    Па ќотек е најлесно да му се даде на детето, а правилно воспитување најтешко. :)
     
    На CameliaMiller, FriendOfDorothy, AlmaOculta и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.338
    Допаѓања:
    27.864
    Пол:
    Женски
    Да, замисли да бараш од државата законски да ти дозволува да си го тепаш детето:drunk:
     
    На CameliaMiller, Mr.Limonko, FriendOfDorothy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. LadyD

    LadyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    Е ова ми е еден од оние обрасци на однесување кои не можам едноставно да ги припишам на ,,културни разлики’’ и да ги толерирам. Марш бре таму, дете ќе ми дојде на гости и нема да го понудам со тоа ние што јадеме … безобразлук, себичност, па еве ако сакате и нечовечност. Ама од толку што имаме културолошки комплекс на инфериорност спрема развиениве земји од западниов свет и тоа го прифаќаме за нормално.
    Еден пример во контекст на муабетов.
    Живеев одредено време во таква земја. Соседите нѐ поканија на забава за вселување во новата куќа. Секој си носи пијачка, храна немаше. Сопругот буквално доби dead stares од еден пар пошо по грешка се напи од нивното вино. Се осетив мизерно.
    Кажете што сакате за Македонијава, не ја идеализирам во никој случај, ама толку ми паѓа топло и убаво на душава кога рандом мајка или баба во парк ќе го понуди моето дете со што год да отвора за нејзиното (Плазма, смоки, па и цел пауч/шмукалче се случувало.)
    Веќе сегде е животот скап, не е тоа изговор за основен гест, особено, нагласувам ОСОБЕНО дете кога е во прашање.
     
    На SummerGirl, L.i.n.a.a и ani23 им се допаѓа ова.
  10. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    9.608
    Пол:
    Женски
    Не сум под кирија, многу побрзо се доаѓа до живеалиште него во Македонија. Патем зависно колку заработуваш имаш помош од државата во однос на плаќањето кирија или рата за сопствено живеалиште. Додуша државата секако ти помага ако си купиш сопствено, без разлика на сумата која заработуваш. Во Македонија денар помош немав кога купував. Стандардот што? Кога одам во Мк ништо не купувам од продукти. Демек нели за поефтино, уствари кај мене се дупло поефтини на далеку поголема плата. Лекови од Косово и Врање се купуваат затоа што аптеките ве шурат. Облеки имаш за сечив џеб, дури има продавници кај што искрено се чудам како може да е толку ефтино. Единствено занаетчиска работа, да ти е страв мајстор да викнеш.

    Кога ќе размислам тука не ти дава државата да бидеш богат, ама не те остава ни под разно да бидеш сиромав.
     
    На CameliaMiller, SummerGirl и Dentina им се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    9.608
    Пол:
    Женски
    Убаво му направиле. Не знам каков разум очекувате од мало човече со мозок во развој. Како се справувам јас со тодлеров, без ниту еднаш да го удрам, стварно е мистерија:drunk:. Не е тешко, има и други техники на справување. И треба време за да научи, не е тоа куче па со крекери да го учиш трикови.

    А вие како идни мајки што го поддржувате ова, секоја чест. Не знам како воопшто ви доаѓа да шамарате такви мали очиња и рачиња, што и реално толку знаат.
     
    На CameliaMiller, TwistedSister, Mr.Limonko и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.583
    Допаѓања:
    17.850
    Пол:
    Женски
    Ова не е апсолутна вистина, ниту за скандинавските држави исто. Ја верувам дека се' е до тоа на каков човек ќе наидеш.
    За Америка конкретно, сум живеала кај/со американско семејство, нема врска. Сплет на околности, имало моменти кога ми требало да идам до тоалет кај непознати, или да си наполнам вода, не памтам некој да не ми дозволил.
    За Данска исто, луѓето се помили од многу други европски држави, достапни се и скоро со секој ќе се разбереш на англиски.

    Не знам каде и што читате, се обраќам на сите кои се надоврзаа и го прифатија ова како даденост за државите, не лично само кон тебе, ама државиве нема да се привлечни колку што се ако ова е баш вака.
    Сериозно.... без преовеличување, има и таму проблеми, али типов нон сенс причина за повеќето мислења последните 2 страни... е нон сенс.
     
    На CameliaMiller, Dentina и violetblue им се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.661
    Допаѓања:
    26.264
    Да нè снема луѓето, планетава со се животните ќе thrive-уваат, заеби религии, филозофии и психологии, толку е просто и едноставно. Самите ние сме ангели и демони, и планетава за некого е рај, за друг пекол, сè помеѓу се само приказки за заспивање.
     
    На FriendOfDorothy, M&M, AlmaOculta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Creation

    Creation Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2025
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    383
    Пол:
    Машки
  15. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    1.381
    Спиев 17 саата, среќа па нема на кого да се објаснувам дал стварно сум спиел или не хахахаха
     
    На Gosh и TwistedSister им се допаѓа ова.
  16. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Да а вас некој да ве истепа тогаш тоа е насилство, не е од Господ, м?
     
    На Dentina, ArabellaStarfall и Аргентина * им се допаѓа ова.
  17. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.215
    Допаѓања:
    4.630
    Пол:
    Женски
    Јас еве како иден родител би го посветила цело внимание на детето без да го удрам, ама во случаи каде што разговорот не помага има методи други. Не викам да го искршиш од ќотек, далеку од тоа.
    Пример прост зимам, еве внука ми оди да го пипка штекот и братучеда ми вика по неа не, оваа одма на плачење пошто не смееш да и кажеш не, втор пат пак исто се случува, пак истата работа со плачење дека имаш не кажано и трет пат оди пак на штек и братучеда ми ја удира по рака зборам малку, не да ја искрши раката пак не и текна да оди. Јас тоа го поддржувам да, ако не разбере со збор не да ја искрши од ќотек, малку да ја чукне еве како да се изразам.
     
  18. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.215
    Допаѓања:
    4.630
    Пол:
    Женски
    Добро го избришав мислењето ама ај не можам да ти ја толкувам поентата на моето мислење, секако нема да ме разбереш.
    А тој ќотек што го споредуваш не е исто, затоа и не ми се објаснува, убав ми е денот денес без нервози. :)
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    И нема повеќе да става рака во штекер од страв да не добие ќотек а не дека научила зошто не смее тоа да го прави и така за се понатаму во животот.

    Каков ти е денот тебе не е тема.
    Јас разбирам дека не можеме да знаеме како да постапиме во секоја ситуација со дете ама тоа што не знаеме не значи дека е оправдување удри го затоа што така само од страв преќинува, како што пишав. Такви глупави оправдувања како ќотекот е од Господ/рајот излезен само затоа што не знаеме како да постапиме е бесмислено.
     
    На CameliaMiller, Dentina, ArabellaStarfall и 3 други им се допаѓа ова.
  20. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.108
    Допаѓања:
    17.420
    Така е, млати го од мало за да не стане педер.
     
    На CameliaMiller, LiquidLuna, M&M и 6 други им се допаѓа ова.