Е нема одговор.. Дотерани, средени и мајката и ќерката, искочиле да шетнат.. Памтам дека уште една жена имаше со нив, си разговараа скроз лабаво. Али знаеш, дома вајда немири и несогласувања имаат со таткото, може се тепаат и викаат, па влијаат врз неа, и мора да се испразни на случаен минувач Никако не прифаќате дека постојат невоспитани и лоши деца Фала Богу дека знаеме кој е крив за тоа аман. Тој што им го допушта тоа.
Ја ко дете не сум се тепал со никого а моите ме имаат тачно 2-3-4-5 пати тепано и тоа ден денес сум свесен зашто и тврдам дека ми е малце. Да сме живи и здрави, кај некого може вродува со лошо и агресии, кај некого не..
Само чист доказ е ова дека децата воспитувани со ќотек, најчесто си ја продолжуваат традицијата затоа што баш и не виделе друг начин како се воспитува.. Не знам како ви било убаво да ве тепаат и дома и во училиште.
На пример може децата да се праќаат на еко акции да чистат или садат дрва, да ранат улични животни или да се грижат за нив, таму кај што е безбедно нели. Да волонтираат во организации што им помагаат на сиромашни луѓе и луѓе со посебни потреби. Да се научат каде може да донираат, да пружат прва помош на другарчето кога ќе се повреди итн. Секако, сѐ да си е прилагодено на возраста. Вака ќе се учат на емпатија, прифаќање и вака ќе создаваме успешни идни генерации. Ама оЌе, ќотекот е доволен.
Гледам твојот голем мозок разбира многу добро и подржуваш насилство врз деца. Сите што имале насилни родители што ги тепале децата се тешат у тој фазон еве мене ме тепаа што ми фали такс се воспитува тажно.
Па тие што имаат лошо детцво и трауми се баш тие што прават мобинг на работа мобинг во светот и имаат нерешени трауми и што не примиле љубов од никој па го исфрлаат на друг лошото.
Насилството што тебе ти е разберено во глава и јас тоа што го кажувам не се исто, ама не можам да објаснувам на тебе пошто гледам нема поента, на човек подалеку што не си гледа од носот колку и да му објаснуваш џабе е.
И моето фаќаше штекери, па се научи да не фаќа. А не го удрив ни еднаш. Како? Не се остава мало дете кај сака да оди и што сака да прави. Одиш по него цело време. Ќе се качи на кауч, ќе му речеш симни се, да не паднеш, и пак се качува и паѓа. Значи треба да го тепаш веќе отепано што паднало? Не, туку кога ќе видиш дека се пентари или ќе го тргнеш скроз и ќе го заинтересираш со друга игра или ти ќе седнеш на кауч и ќе го придржуваш додека не му помине ќеифот. Дете е, му се игра, во неговиот свет нема опасност, туку само љубопитност и игра. А најлесно е квакни на кревет и викај и чекај реакција. Па после шамар. Тоа се мрзи според мене и луѓе без никаква способност за комуникација. Но, така им правеле, така ќе прават. И мене ќотек ми мавале, па не сум го прифатила тој концепт на родителство. Сум еволуирала над нив. Лошо е кога не одиш напред, туку одиш наназад.
Работата е шо има незамисливо бесконечно различни нешта што децата ги праат, а тоа невозможно е да го замисли некој што нема деца, па затоа пречесто муабетите се ултра банални за како требало да се постапува со децата. Не станува збор за common sense и добро воспитување, па да си кажуваме дефиниции од учебник. Не, не сум увредена мамичка или која год етикета што ќе ми биде залепена поради мислењево. ✨️ секое дете мава ✨️ и ✨️ ниедно дете не научило дека мавањето не е во ред преку ноќ ✨️ Можеби е тешка пилула за голтање, но за жал тоа е реалноста, и една од причините зошто е многу тешко да си родител. Многу многу многу битно е пред сè да работите на себе, на сопствените трауми кои ги влечкате со себе во секоја ситуација, да се исцелите за да не ги доживувате сите случувања вознемирувачки, да развиете поголем осет на разбирање, и наместо да се стресирате околку секоја ситница, махинално природно првенствено да ви доаѓа да си помислите "ќе биде сè океј", но не као лажна утеха, туку као реално секојдневие.
Браво. Ова ме потсети на мојот рекорд, 27 илјади чекори. Се изгубив и си го барав апартманот у Будва, не дека пешачев со намера. Ми идеше да клекнам и да плачам. Плус врне - истура. Ама никогаш побрзо и поубаво немам заспиено, се комирав. Тој рекорд на сите им го кажувам, еве можност и тука да го споделам и да се пофалам.
Фала им на сите овие шо ни се јавуваат од Дубаи да ни кажат дека се добро и дека се работи таму, барем да не ги мислиме.
Ради шенениганс на 80 годишни бумери, од утре ќе го јадиме стапот со високи цени на нафта. Зошто бе не ги затвориме во некој кафез и нека си вадат очите? Зошто јас во свирипичино да го јадам на џеб оти таму некој одлучил да земи едно буре нафта плус, for fucks sake.
Оти им треба скапа нафта и инфлација да закрпат буџетот? А ти, арно ме потсети- значи, кажи каде, може да ни биде последен. Сдк, секоја година само пиздарии, и стварно во такво апокалиптично сценарио сум, дека овој одмор може да биде последен. Има ли дијагноза за ова?
Редно е да се разграничи gentle parenting, од permissive parenting. Моево е 7 години, ниту еднаш не е удрено, ни по газ по пелена. Па знае до каде се границите, не малтертира луѓе ако сме излезени. Тоа што во пролаз во мол дете ве удрило е само последица од целото воспитување од раѓање. Допустливост, неодредување граници, прогледување низ прсти. Ова ама баш нема врска со џентл перентинг. Ама многу е лесно да го исплескаш ако направи нешто погрешно. А што понатаму? Дали тоа дете знае, разбира зошто е исплескано? Не. Дали му е објаснето нешто согласно со неговата возраст? Секако дека не. Понатаму тоа дете нема да разбере зошто одредената работа што ја прави е лоша, само ќе знае дека следи ќотек. А нема засекогаш да остане дете. И ќе влече трауми, слика за искривен авторитет и генерациски ќе ја пренесува таа искривена перцепција. Смрт ми е кога ќе слушнам како дете од 2, 3 години имало тантрум и воспитно го исплескал родителот. Кога тој родител малку би прочитал нешто ако ништо друго, поинаку би се справил со дадената ситуација. Видете, сите некако ќе си ги заебеме децата во одреден период, родителството на мене ми е најубавата, но и најодговорна улога во животов, но има работа што можеме да ги спречиме. Удирање по газ е ќотек, удирање по пелена е уште полошо. Тепаш малтене бебе бе човеку. Во период кога впиваат како сунѓери ти го сечеш. Не може ни да разбере зошто е тој ќотек. Пример вчера малово падна и си ја расцепи устата. Требаше да земам уште толку да ја измавам за да не и текне пак да се пентари. Бидејќи нели така правеле порано па што ни фали на нас. Ох колку ни фали. Не треба да си мастер по психологија за ова, доволен е само малку отворен поглед и ум.