Е нема одговор.. Дотерани, средени и мајката и ќерката, искочиле да шетнат.. Памтам дека уште една жена имаше со нив, си разговараа скроз лабаво. Али знаеш, дома вајда немири и несогласувања имаат со таткото, може се тепаат и викаат, па влијаат врз неа, и мора да се испразни на случаен минувач Никако не прифаќате дека постојат невоспитани и лоши деца Фала Богу дека знаеме кој е крив за тоа аман. Тој што им го допушта тоа.
Ја ко дете не сум се тепал со никого а моите ме имаат тачно 2-3-4-5 пати тепано и тоа ден денес сум свесен зашто и тврдам дека ми е малце. Да сме живи и здрави, кај некого може вродува со лошо и агресии, кај некого не..
Само чист доказ е ова дека децата воспитувани со ќотек, најчесто си ја продолжуваат традицијата затоа што баш и не виделе друг начин како се воспитува.. Не знам како ви било убаво да ве тепаат и дома и во училиште.
На пример може децата да се праќаат на еко акции да чистат или садат дрва, да ранат улични животни или да се грижат за нив, таму кај што е безбедно нели. Да волонтираат во организации што им помагаат на сиромашни луѓе и луѓе со посебни потреби. Да се научат каде може да донираат, да пружат прва помош на другарчето кога ќе се повреди итн. Секако, сѐ да си е прилагодено на возраста. Вака ќе се учат на емпатија, прифаќање и вака ќе создаваме успешни идни генерации. Ама оЌе, ќотекот е доволен.
Гледам твојот голем мозок разбира многу добро и подржуваш насилство врз деца. Сите што имале насилни родители што ги тепале децата се тешат у тој фазон еве мене ме тепаа што ми фали такс се воспитува тажно.
Па тие што имаат лошо детцво и трауми се баш тие што прават мобинг на работа мобинг во светот и имаат нерешени трауми и што не примиле љубов од никој па го исфрлаат на друг лошото.
Насилството што тебе ти е разберено во глава и јас тоа што го кажувам не се исто, ама не можам да објаснувам на тебе пошто гледам нема поента, на човек подалеку што не си гледа од носот колку и да му објаснуваш џабе е.
И моето фаќаше штекери, па се научи да не фаќа. А не го удрив ни еднаш. Како? Не се остава мало дете кај сака да оди и што сака да прави. Одиш по него цело време. Ќе се качи на кауч, ќе му речеш симни се, да не паднеш, и пак се качува и паѓа. Значи треба да го тепаш веќе отепано што паднало? Не, туку кога ќе видиш дека се пентари или ќе го тргнеш скроз и ќе го заинтересираш со друга игра или ти ќе седнеш на кауч и ќе го придржуваш додека не му помине ќеифот. Дете е, му се игра, во неговиот свет нема опасност, туку само љубопитност и игра. А најлесно е квакни на кревет и викај и чекај реакција. Па после шамар. Тоа се мрзи според мене и луѓе без никаква способност за комуникација. Но, така им правеле, така ќе прават. И мене ќотек ми мавале, па не сум го прифатила тој концепт на родителство. Сум еволуирала над нив. Лошо е кога не одиш напред, туку одиш наназад.