И мене, само трошоци упм хахаха он топик: Зашо? Мислам настрана од тоа дека не мора да има празник за да се дарува цвеќе некому.
Мене лично ми е се како лажно и исфорсирано. Па тие дволични собиранки од работа, бабите на 60+ на оро. Никаква убавина не осеќам како за празник.
Многу погрешно се слави 8ми март. Жениве нешто уфилмани дека јаки пички, па ајде журки забави и очекуваат цвеќе од мажот, швалерите, комшиите, децата… само не да се борат за правата што по закон им следуваат во оваа глупава држава. Не излегуваат на марш, протест за фемицидот што не демне. Тој еден ден го имаат за нив, да се покажат пред другите. Штета што во погрешен правец замина смислата на денот.
Јас се согласувам дека празникот е за марш, за викање гласно и барање правда. Ама, зошто две работи можи да се вистина во исто време, вервам дека има жени шо баш тогаш можат поќе да излезат или прошетат слободно и ми нема смисла да седнам да плукам дека некои одат по кафани. Ама можам да пукам по мажи шо само денес ќе донесат каранфил, ќе дат внимание, и од утре ќе си продолжи по старо со обвинување на жртва, со насилство врз жени, гнасни онлајн коментари, мизогинија итн.