И мене, само трошоци упм хахаха он топик: Зашо? Мислам настрана од тоа дека не мора да има празник за да се дарува цвеќе некому.
Мене лично ми е се како лажно и исфорсирано. Па тие дволични собиранки од работа, бабите на 60+ на оро. Никаква убавина не осеќам како за празник.
Многу погрешно се слави 8ми март. Жениве нешто уфилмани дека јаки пички, па ајде журки забави и очекуваат цвеќе од мажот, швалерите, комшиите, децата… само не да се борат за правата што по закон им следуваат во оваа глупава држава. Не излегуваат на марш, протест за фемицидот што не демне. Тој еден ден го имаат за нив, да се покажат пред другите. Штета што во погрешен правец замина смислата на денот.
Јас се согласувам дека празникот е за марш, за викање гласно и барање правда. Ама, зошто две работи можи да се вистина во исто време, вервам дека има жени шо баш тогаш можат поќе да излезат или прошетат слободно и ми нема смисла да седнам да плукам дека некои одат по кафани. Ама можам да пукам по мажи шо само денес ќе донесат каранфил, ќе дат внимание, и од утре ќе си продолжи по старо со обвинување на жртва, со насилство врз жени, гнасни онлајн коментари, мизогинија итн.
Оти бабетините ако одевме по нивнио ум и ние младите ќе не доизгазеа мажите. Тие се со умот дека треба да ги миеме нозете на мажот уште. Ама битно парти кафанско вече да пука секако на 8ми имат право да подизлезат (само жени сегде де) другите дена во годината робинки на ќуќата
Среќен 8 Март жени. Убаво е вака независни, силни и моќни и со исти права како мажите (секако под услов да не раѓаме и да бидеме што е можно помалку од женскиот род).
Да. Така мислат. То не го менва фактот дека има жени шо слободно можат да излезат само денес (викендов) и само со жени. Место да се лутам дека некоја Трајанка мие нозе на мажот, ќе речам "де нека види еден ден живот и та", па секој останат ден, ако Трајанка ми е блиска, ќе работиме на то да можи да си смени животот на подобро (ако сака). Велам ако ми е блиска зошто би имала пристап до неа. Јас имам во животот Трајанка шо успеа да си го смени животот, шо до пред две години излегваше само за празнико да се види со другарки и сега веќе е слободна жена со јасно поставени граници. За мене то е победа. Како шо реков, поќе работи можи да бидат вистина во исто време. Точно е то шо велиш, ама (мене) ми нема смисла да го "земам" и тој еден ден или еден викенд шо го имаат некои жени. П.С. Длабоко се извинувам дека Трајанка е прво име шо ми падна на памет. Извинете Трајанки. последен едит (се надевам) Авторот сакаше да напиши "пЛукам" омг. Како ми се промакна вечерта ова омг.
Како мали во забавиште не учеа дека 8 Март е денот на мајката. Правевме честитки и цртежи и со радост ги носевме дома за мама. Подоцна научивме дека всушност тоа е Денот на жената ден што постои поради борбата на жените за права, глас и почит. И таман кога мислиш дека сме ја сфатиле суштината, доаѓа реалноста одеднаш секоја девојка од 18-20 години е „жена“. Па се прашувам, кога точно едно девојче станува жена? Дали тоа доаѓа со годините? Со статусот на социјалните мрежи? Или само затоа што некој така решил да ја нарече? Еве пред малку ми испадна на стори девојче кое го знам има 21 година, слика од букет и кесенце и напишала Hapoy womans day, thank you love. Јас имам 26 години и се уште се сметам за девојка. И не гледам ништо лошо во тоа. Затоа што за мене „жена“ не е само возраст или етикета што ќе си ја ставиме. Жена е зрелост. Искусство. Одговорност. Сила да издржиш, да носиш одлуки, да стоиш зад нив. Среќен 8ми Март жени..
Баш... Ја воопшто не се сметам дораснато у никој поглед за да се наречам жена. Среќен 8 Март дами. Бидете силни и паметни. Само тоа би рекла
Тоа доаѓа со полот. Можеш слободно да си го славиш 8 март и кога имаш 15 години, 25, 35, 75. Но, обично го слават жени кои веќе застанале на свои нозе, вработени, независни, некои остварени како родители. И јас како помлада не го доживував празникот дека е за мене, мајка ми добиваше подароци од блиски, јас не. Но сега кога веќе сум возрасна, за мене 8 март е за сите жени, независно од возраста. Инаку, вчера позитива на денот ми беше еден дедо во маркет, ги прашуваше вработените кои колачи се посни бидејќи жената за која сака да купи постела. Па прашуваше кои се поубави, толку љубезно му објаснуваше и вработената, колку е убаво кога човек има трпение и добрина.
Среќен 8 Март на сите прекрасни жени. Вие сте нежноста што го разубавува светот, силата што носи надеж и љубовта што го прави животот потопол. Нека секој ваш ден биде исполнет со почит, насмевки и искрена љубов.
Мешовит колектив што собира пари да и купи поклон на шефицата ко да се у школо за класната, НЕ е 8 Март! Дали сте бре нормални?! Искочете од тоа PTSD.