Зависи од перспективата на личноста. За мене моментално е слобода. Си правам што сакам, трошам пари на мое задоволство, не се објаснувам никому за мои желби. Но има тука една разлика која значи многу. Само затоа што никој не те пречекува навечер, не значи дека немаш блиски луѓе, семејство и пријатели, кои те исполнуваат. Ако немаш ни апсолутно еден близок на светов, или си екстремно unlucky или нешто не е во ред кај тебе (најчесто е второто).
Достигнување не е ни за мене, зошто бев на двете страни, и ни вака ни такa не е сосема убаво, треба златна средина да се има, да не одиме од крајност во крајност, иако е многу тешко денес да најдеш асална личност со која би градел нешто повеќе и нешто поголемо.
Еднаш го нарекуваме досадно вака сам упм, другпат го нарекуваме море шубо вака никој не ме замара, зависи од расположение и на која нога сме станати утрото.
Случајно влегов овде повторно.. Колку ноќи минував на овој форум, го чувствував како свое место,како сопствен дневник. Пишувајте,другарувајте,многу работи научив овде,на многу успеси се радував како да се мои. Цигарче - која што и додека го пишува ова е со цигарата во рака.
Многу специфично интересен дел на нашето постоење е кога сфаќаш дека голем дел од луѓето кои за себе продаваат приказна како се преедуцирани, интелигентни и успеваат да шармираат други луѓе со идејата дека се нешто посебно, уствари немаат две чисти во главата и се на одредена позиција само зашто имале привилегии, среќа и умешност да се претстават како нешто што не се. Многу е наивно воодушевување од било кого без одблиску да го запознаеш.
Ниедно од овие. Залудно живеење е. Личи на слобода, но не е тоа. Празнина е. Празнина која убива полека.