Зависи од перспективата на личноста. За мене моментално е слобода. Си правам што сакам, трошам пари на мое задоволство, не се објаснувам никому за мои желби. Но има тука една разлика која значи многу. Само затоа што никој не те пречекува навечер, не значи дека немаш блиски луѓе, семејство и пријатели, кои те исполнуваат. Ако немаш ни апсолутно еден близок на светов, или си екстремно unlucky или нешто не е во ред кај тебе (најчесто е второто).
Достигнување не е ни за мене, зошто бев на двете страни, и ни вака ни такa не е сосема убаво, треба златна средина да се има, да не одиме од крајност во крајност, иако е многу тешко денес да најдеш асална личност со која би градел нешто повеќе и нешто поголемо.
Еднаш го нарекуваме досадно вака сам упм, другпат го нарекуваме море шубо вака никој не ме замара, зависи од расположение и на која нога сме станати утрото.
Случајно влегов овде повторно.. Колку ноќи минував на овој форум, го чувствував како свое место,како сопствен дневник. Пишувајте,другарувајте,многу работи научив овде,на многу успеси се радував како да се мои. Цигарче - која што и додека го пишува ова е со цигарата во рака.
Многу специфично интересен дел на нашето постоење е кога сфаќаш дека голем дел од луѓето кои за себе продаваат приказна како се преедуцирани, интелигентни и успеваат да шармираат други луѓе со идејата дека се нешто посебно, уствари немаат две чисти во главата и се на одредена позиција само зашто имале привилегии, среќа и умешност да се претстават како нешто што не се. Многу е наивно воодушевување од било кого без одблиску да го запознаеш.
Ниедно од овие. Залудно живеење е. Личи на слобода, но не е тоа. Празнина е. Празнина која убива полека.
https://vt.tiktok.com/ZSuyfsWef/ Не сме еволуирани битија. Глумиме цивилизираност и интелигенција. Длабоко вкоренето е девијантното однесување поготово кај мажите. Илузија е дека повеќето се добри луѓе. Илузија е дека повеќето живеат спокоен живот. Факт е дека сме опколени со предатори, децата се екстремно небезбедни. Нема "ама".
Денес официјално влегувам во мојата последна година од 20тите. Интересно не се осеќам стара, иако тоа го очекував кога бев 20, но детето во мене уште живее. Како вчера да беше кога наполнив 20, а од денес се ближам кон крајот. Rollercoaster години, многу промени, многу спомени, различни искуства, еден куп нови луѓе, некои привремени некои не. Но најбитно од сѐ, ги научив најдобрите лекции досега. Иако голем дел ми поминаа меѓу луѓе кои не се дел од мојот живот веќе, не се каам за ништо. Не би менувала ништо. Благодарение на сите искуства, денес сум она што сум. И среќна сум до каде стигнав, иако имам уште за одење. Благодарна сум за сите оние кои се денес до мене да ме направат да се осеќам посебно. Денес, напијте се по една од мене. Бидејќи утре ќе е 30.
Сами си го штимаме алгоритамот во животот, сè зависи од мислите шо ги имаш, интересите, желбите, стремежите, тоа шо го праиш секој ден. Тоа ќе ти се 'појавува' почесто у секојдневието.
Кога на секое ми излегуваат вака видеа ,слики од хуманитарни апели за секакви болести... единствено посакувам тоа да не постои во животот ,сите имаме разни борби ама како не ги снема овое најлошите не знам...
Апсолутно, мислам дека од слобода нема поубаво. Има една српска поговорка “Птица која није изашла из кавеза, мисли да је летење болест”