Ах да Па нормално дека одма штом го исече месото, потоа зема и џвака за неа. Thennn кога и става и сок во чашата, автоматски Клара Цеткин се превртува во гроб Потоа и стасува писмо од општината дека и се укинува правото на работење и и ја затвораат сметката во банката Можам само да кажам, страшно низ кој хорор минува девојката на Лемонич. Мора да трпи тој да е нежен со неа Шта речи, кој послуку порати, освен #PrayForLemonka
Лошо е. И многу разгалување не чини по мене. Оти на глава знаат да се качат Ја ќе ти одговорам пошо ја спомнав за понижувањето, токму ова мене ме вади од такт, ненормално ме вади... Чим можеш и ти, може и таа. Посебно за нешто едноставно.
Џентлменство е фина работа, значи имање манири кои остануваат цел живот. Вие терајте како ви одговара, само не би го земала баш како универзално правило, од најмалку 2 причини: - некого може да иритира (еве, Рајти- на пример). И тоа е во ред, сите сме различни - искрено, го гледам како манипулација. Сигурно не планираш да го правиш тоа цел живот. Значи, во одредена фаза од животот, ко ќе и ускратиш сечење месо, што ќе си помисли уствари? Дека не заслужува разгалување веќе? Оуверкомпликации ...
Мислам не е дете за претераната разгаленост да доведе до нешто лошо, ако таа тоа го искористи против мене до неа е... Не реков дека таа не прави ништо за мене и дека чека се само на мене.. Океј е некој да не сака толку разгалување и да му пречи.. Зависи може некој да го искористи како манипулација, што знам мене ми е карактерна особина.. Секогаш треба да се трудиш без разлика дали веќе си успеал да го освоиш..
У наводно секуларно општество, зошто сè уште постои пракса свештени лица да одат од врата на врата, да ѕвонат на луѓе и да ги будат за ,,евиденција" и понуди за верски услуги пред Велигден? Преубаво си спиев после работна ноќ, три пати ми ѕвонеше поп на врата, без никаков осет. Ако сакам благослов, ќе одам у црква. Како Комодита шоп се напорни. Се сеќавам пред Ковид, истиов период, еден поп дилаше црковни календарчиња скоро секоја година (оние пластифицирани картончиња со светци). Отворам врата, ми подава едно во раце, јас не сфаќам што е поентата и само го гледам. Тој ми вели - кој колку милува. Аха, сфатив дека треба да му дадам пари, и кога влегов да барам, истиов ја искористи мојата збунетост, детска фаца и наивност и ми промрмла - 100 денари. 100 му дадов, веќе кога ми кажа цена, за пластифицираното картонче. Ако нешто е доброволно, не треба да има наметнување, ниту сугерирана цена, али добро, МПЦ и ИВЗ така немаше да имаат луксузни земјишта кај Холидеј ИН. Тоа беше и последен пат да финансирам нешто што ме третира како морална грешка. После тоа им затворам врата, у цркви влегувам исклучиво за свадби, овој денес се спаси од мојот Diva attitude пошто едвај станав, кога отворив, духовниот дистрибутер беше на другата страна од ходникот кај соседите. #ИсповедНаНепобаранБлагослов
Не одат од врата на врата. Имаат список и листа на лица кои се водат како члленови на МПЦ, имаат куќни слави, направиле крштевка и да не набројувам. Генерално одат во тие домови и веројатно твоите дома се водат како членови на МПЦ. Ако тоа ти/ви смета дома и не сакате да ви доаѓаат, отидете во локалната црква и кажете да ве испишат од црковната книга дека сте член на МПЦ и нема да ви доаѓаат повеќе.
Увек ќе праи така Го знаеш она каков си на 7 таков и на 77. За ова со манипулацијава се слагам. Баш така може да се доживува, и многу можат да манипулираат на таков начин. И не зборам лично за членот, да не се сфати погрешно. Има доста побитни нешта во животот за да ти докаже и покаже некој дека му значиш, али веројатно уште се у фазата на романтики. Еден ден ќе го нема тоа, па нека уживаат максимално Кажав и у љубовни дека не е животот бајка, а може требаше да кажам дека не е Тикток и Инстаграм
Ок сечење месо е ту мач али не гледам ништо лошо во романтични гестови ниту пак тоа треба да направи да се почувствувам понижено..
Па во моментов не седам со моите, во посебен стан сум, кај сите ѕвони. А и моите се од оние ,,верници" кои не пуштаат машина за Св. Петка, какви списоци, какви членови, ни куќна слава имаат/чекаат, ни па знаат да се прекрстат.
Крстен си во МПЦ, а со тоа си станал член на МПЦ. Имаат книга на крстени во МПЦ. Отиди во локалната парохиска црква со твоите родители и кажете да ве испишат како членови на МПЦ и нема да ви доаѓаат повеќе. Или ако ти дојде по грешка на врата кажи дека не си заинтересиран и нема да ве бараат повеќе.
Да имаше државата таква евиденција како Мпц што тврдиш дека има, попис ќе беше песма лета Сигурна сум дека ниту евиденција имаат, ниту крстен-некрстен, ниту знаат кај кого ѕвонат. Не претерувај со халуцинации.
Ауу ужас, не знаев дека со крштевањето ти следи доживотен духовниот дистрибутер кој те следи и ти нуди услуги.
Верувај во што сакаш. Јас ти кажувам дека локалните парохиски цркви имаат книга на крстени и водат евиденција кој е дел од црквата. Запрашај се зашто не залетуваат во неправославни семејства или тие кои не се крстени. Не ти следи ништо ако не сакаш, ниту те тераат со сила. Оди одчлени се од МПЦ, нема да ти доааѓат повеќе.
Секој нека биде третиран како сака.. Сум имал и по долги врски и постојано сум се трудел да правам романтични моменти, не само во фаза на заљубеност. Само сега во оваа врска многу повеќе добивам назад, па може и поради тоа и малку повеќе нудам, а дали од нејзина страна ќе остане ова во фаза на заљубеност не можам да знам. Поентата беше дека не треба многу и никој не ти бара во врска авион и ѕвезди да симнуваш, туку доволни се ситници за некој да се осети убаво, битно, сакано.. За мене и не е нешто претерано да и исечам парче месо, буквално се 2 мин во прашање...
А може едноставно да се прифати дека секој е различен и различно реагира на такви гестови? Ниту мора да значи дека е манипулација, ниту дека личноста што сака да е разгалена е слаба или премногу тик ток гледа. И да не сака не е страшно, ќе си најде компатибилен партнер кој е помалку романтичен. Јас се сметам за силна, и сама вака преживувам, но обожавам романтични гестови. Да ми отвори врата од кола, да ја задржи вратата во ресторан, да ја намести столицата, тури пијалок во мојата чаша, да ме пречека со романтична вечера дома со свеќи и цвеќиња и сл. Сакам да сум разгалувана ете, тоа не значи дека ќе ми го џвака јадењето или дека без него ќе се сопнам на прав пат. Секој со своите желби и граници.